На 25 и 26 февруари 2015 година, во новиот ексклузивен хотел Radisson Blu Old Mill во Белград ќе се оддржи првиот регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2015, организиран од страна на српскиот портал за маркетинг – Marketing Mreza кој со овој настан ќе го одбележи и својот трет роденден.
Станува збор за интерактивен B2B настан, прв од овој тип во регионот, наменет исклучиво за професионалците од областите на маркетингот, односите со јавност и дигитални комуникации од компаниите и агенциите од Балканскиот регион.
Темите на IZAZOV 2015 ќе бидат насочени кон трендовите во интегрираните комуникации за кои ќе говорат претставници на некои од најголемите регионални агенции и компании. За состојбата на маркетинг пазарите во регионот ќе зборуваат претставници на агенции од Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и БиХ. Една од темите ќе бидат и тендерите, односно питчевите за ангажирање на агенции, како и буџетите и очекувањата на клиентите за вложените пари. Посебен сегмент од конференцијата ќе биде насочен кон потикнување на дијалог помеѓу агенциите и компаниите, во рамки на кој претставниците од компаниите ќе одговараат на стручни прашања од претставниците на агенциите.
Целосната програма на конференцијата можете да ја погледнете на овој ЛИНК.
Цената за котизација изнесува 125 евра. За три и повеќе котизации одобрен е и попуст од 10%. Членовите на стручните здруженија од регионот, исто така, добиваат попуст од 10%.
Маркетинг365 е медиумски партнер на настанот. За повеќе информации околу учеството можете да не контактирате на contact@marketing365.mk или да и пишете директно на организаторката на ivana@marketingmreza.rs.