Најпопуларните стриминг сервиси, телекоми и телевизиски канали ќе се соберат во Хрватска за да ги дискутираат трендовите во телевизиската индустрија кои произлегоа од година која имаша големо влијание врз сите медиуми.
Организацијата на фестивалот NEM Dubrovnik 2021 ја претстави својата агенда која, според новиот концепт, ќе ги собере лидерите во глобалната и европската ТВ индустрија, ТВ каналите, телекомите, спортските стриминг сервиси, претставници на дистрибуцијата и продукцијата. Поголемиот дел од програмата ќе се одржи на отворено, според утврдените епидемиолошки мерки. Сите три вечери се дел од нов концепт подготвен за прв пат од NEM Dubrovnik.
Во текот на четири дена, од 6 до 9 септември 2021, во преубавиот Hotel Dubrovnik Palace, ќе се зборува за телевизиските содржини, формати, технологии и трендови кои ја создаваат иднината на оваа динамична индустрија. Овогодишната програма е организирана во пазар, предавања, панели и проекции, како и неизбежни дневни и ноќни собири:
- Првиот ден ќе отпочне со поздравен говор на Павел Станчев, генерален извршен директор на најголемата медиска групација во Унгарија TV2 Media Group. Потоа ќе следи панелот “The Next Generation of EON Television: From TV to Entertainment Platform”, на водечкиот телеком и давател на медиски услуги во Југоисточна Европа – United Group, а денот ќе заврши со презентација и проекција на водечката руска телевизиска мрежа во полето на забавата, GPM Entertainment Television. Првата вечер ќе се одржи на кровот на Hotel Dubrovnik Palace, со поглед на зајдисонцето.
- Вториот ден ќе започне со т.н. TV Tech Showcase, каде where Synamedia, SeaChange, Whip Media и Bitmovin ќе ги презентираат своите технолошки телевизиски решенија. После тоа, ќе биде одржан говор и презентација од страна на Питер Парментер, постар потпретседател за деловен развој во DAZN, најголемиот спортски стриминг сервис во светот. Потоа, својата работа ќе ја презентира на сцена водечката интернет телевизија во Германија, Швајцарија и Австрија – Zattoo.
Една од најактуелните теми во телевизиската индустрија нема да го одмине NEM Dubrovnik – на панелот “Is Streaming the Future of Sports?” ќе се разговара за стримингот како начин на кој потенцијално сé почесто ќе ги следиме спортските настани во иднината. Исто така, на панелот “Age of Streamers: What is the Audience Asking for? How Important is Local Original Content for Streamers?” ќе се дискутира за телевизиските формати кои најдобро одговараат на моменталната публика и за тоа колку се всушност важни локалните содржини. По динамичниот ден ќе следи опуштен нетворкинг со коктели, спонзориран од Play Premium (RTL Croatia), како и ноќна забава спонзорирана од Prva TV.
- Третиот ден ќе започне со панелот “Why We Love TV Industry”, за време на кој долгогодишни и искусни лидери ќе зборуваат за нивната страст за телевизиската индустрија. После тоа ќе може да се проследи панелот “The Battle for Eyeballs – How Today’s New Distribution Models Create Opportunities for New Service Providers” спонзориран од NAGRA, дигитален телевизиски оддел на компанијата Kudelski Group, специјализирана за дигитална безбедност и медиски системи за доставување дигитални и интерактивни содржини. На панелот “Premieres or Well-known Content?”, спонзориран од телевизијата Prva TV, ќе разговараме за разликите во успехот и ефективноста во однос на трошоците на премиерните и препознатливите телевизиски содржини за крајниот корисник.
Посетителите ќе бидат запознати со глобалната медиска компанија SPI, чиј бројни канали и дигитални услуги се достапни на шест континенти, француската технолошка компанија Broadpeak, како и хрватската Atlantic Grupa, преку презентација на нивните сознанија и практики за задржување на вниманието на целните групи.
Важен дел од секој NEM Dubrovnik е ексклузивното претставување на нови телевизиски содржини. Како дел од овогодишната премиерна Beta Night, на убава локација покрај морето, својата светска премиера ќе ја прослави крими-серијата “The Silence”, продуцирана од Drugi Plan и HRT во соработка со Beta Film и Star Media. Проекцијата ќе се одржи во присуство на главната актерка Ксенија Мишина. Дополнително ќе биде претставена и руската трилер серија “Dead Mountain – The Dyatlov Pass Incident” на 1-2-3 Production, по што ќе следи Q&A со ко-режисерто и добитник на сребрена мечка на Берлинскиот филмски фестивал, Павел Костомаров. Во 2020, германската компанија за продукција, финансирање и дистрибуција, Beta Film, се здоби со главен удел во најпопуларната хрватска продукциска куќа Drugi Plan, одговорна за продукцијата на серијата “The Silence” (“Šutnja”/„Молк“). Beta Film менаџира со меѓународна продажба за двете серии.
Во текот на три денови, NEM Dubrovnik ќе биде домаќин на ТВ пазар каде учесниците ќе можат да ги презентираат своите компании, телевизиски содржини, услуги и производи, како и да преговараат за потенцијална соработка, додека пак четвртиот и последен ден е резервиран за собирање на импресии и сумирање на новите знаења и искуства. Како и секоја година, неизбежен дел од искуството на NEM Dubrovnik се собирите со пијалоци за добредојде, кафе паузите и забавите во партнерство со некои од најистакнатите партнери на NEM Dubrovnik 2021, на чија официјална веб-страница можете да го најдете списокот на тековно потврдените спонзори и посетители.