Како да се остане креативен во текот на овие предизвикувачки времиња, кои индустриски трендови треба да ги пазиме во 2022 годин и како звукот ќе игра важна улога во иднината на брендовите, ќе бидат прашањата кои ќе ги отворат Мајкл Мојнихан од САД, Ејми Роџерс од Обединетото Кралство и Ситце Радемакер од Холандија, на овогодинешното издание на фестивалот Golden Drum.
Мајкл Мојнихан е постар потпретседател за глобалниот бренд, маркетинг, увид и партнерства во LEGO Group, најголемата компанија за играчки во светот. Неговото искуство од над 25 години во корисничкото маркетинг искуство ги води иновациите, брендингот, маркетингот, партнерствата и развојот на новите бизнис можности за LEGO. Пред да се приклучи на LEGO, тој работел маркетинг за американската компанија за прехрамбени производи General Mills, менаџирајќи со брендови како Cheerios, Yoplait и Big G.
Ејми Роџерс е лидер на истражувачкиот тим на WARC и ги менаџира нивните годишни ранг-листи на најдобри кампањи според категориите креативност, ефективност и медиа. Нејзината експертиза лежи во истражувањата на маркетингот и огласувањето, продуцирајќи истражувачки содржини за WARC на низа теми за маркетингот и медиската ефективност. Пред да се приклучи на WARC, Ејми работела како истражувачки аналитичар во консултантска компанија за дигитален маркетинг.
Ситце Радемакер е директор за сонично брендирање и нов бизнис во Amp.Amsterdam. Тој започнал да работи за MassiveMusic како нивни издавач додека истовремено работел како диџеј во најпопуларните ноќни клубови бо градот. Воден до својата растечка љубопитност, тој станал дел од три-члениот тим кој ја отворил канцеларијата на Spotify за регионот на Бенелукс уште во 2010 година. По ангажмани во Vice како бизнис директор и во Epidemic Sound како музички директор за Бенелукс и Франција, тој се вработил во компанијата за сонично брендирање Amp.Amsterdam како нивни директор за сонично брендирање, секогаш држејќи фокус кон иднината на медиумите и музиката.
Овогодинешното издание на фестивалот на креативноста Golden Drum ќе се одржи во виртуелен формат, од 13 до 15 октомври 2021. Повеќе информации за фестивалот Golden Drum, пријавувањето за неговиот натпреварувачки дел и за бесплатната онлајн едукативна програма со одлични говорници, можете да најдете на следниот линк.