Интернационалниот фестивал за креативност Golden Drum оваа година ќе одбележи 25 години постоење и за оваа прилика се враќа на словенечкиот брег, во својот дом – Порторож. Фестивалот ќе се одржи од 17 до 19 октомври во Хотел Словенија, притоа најавувајќи многу новитети во натпреварувачката програма. Пријавените кампањи ќе бидат разгледани и вреднувани од 22 врвни светски експерти, предводени од долгогодишните пријатели на Golden Drum – Адријан Ботан и Џејми Манделбаум.
Промени во натпреварувачката програма
Натпреварувањето ќе остане поделено во два делови, но категориите Best Piece и Best Practice се развиени да одговорат на две пофункционални прашања – WHY (Зошто) една кампања била развиена, и WHAT (Што) претставува? Категоријата WHAT ќе ги наградува најдобрите решенија и најефективните имплементации, додека пак WHY ќе ја бара крајната причина за различните комуникациски практики. Секоја од категориите е понатамошно поделена во групи и подкатегории кои ги одразуваат најновите трендови во адвретајзингот и креативната индустрија.
Стојан Пелко, потпретседателот на Golden Drum, гледа на обновената категорија WHY како на “знак на времето, поставувајќи фундаментални прашања за професионалната етика и општествената одговорност подалеку од само функционалноста во адвертајзингот.” Ова ќе оди под рака со уште една промена во натпреварувањето – за прв пат, кампањите насочени кон општествената одговорност и хуманитарните акции ќе бидат групирани во една нова подкатегорија во WHY делот, именувана како Social Good.
Адријан Ботан ќе го води натпреварувачкото жири за WHY категоријата
Адријан Ботан е глобален извршен креативен директор во McCann Worldgroup и претседател на Европскиот совет за креативно лидерство. Адријан и ден денес се гледа себе како предизвикувач, верувајќи дека тоа е единственото здраво однесување во бизнис кој е склон на постојани промени и реинвенција. Тоа е духот кој е решен да го наметне во канцелариите на McCann ширум Европа, заедно со неприкосновена снаодливост и претприемништво.
Членовите на жирито кои ќе му се придружат на Адријан Ботан се: Арина Авдеева, извршен директор и основач на Friends Moscow од Русија; Али Бати, генерален креативен директор на Leo Burnett Bucharest од Романија; Arda Erdik, претседател и извршен креативен директор на Tribal Worldwide İstanbul од Турција; Бернд Флиесер, генерален креативен директор на JANDL од Словачка; Беата Хивес, генерален креативен директор на Uniomedia Communications од Унгарија; Јакуб Королчук, извршен креативен директор на Grey Group во Полска; Жарко Сакан, генерален извршен директор на New Moment New Ideas Company од Србија; Маја Шаран, потпретседател на креатива на TBWA/YEHOSHUA од Израел; Митја Тушкеј, менаџинг директор и стратег за директ медиа и брендирање во Formitas BBDO од Словенија; и Кристина Зито, директор за стратегија на DDB Barcelona од Шпанија.
Претседател на жирито за категоријата WHAT ќе биде Џејми Манделбаум
Џејми Манделбаум е генерален креативен директор на Y&R Europe, каде што е одговорен за надгледување на креативниот прозивод на Y&R ширум сите европски канцеларии. После една година на функцијата, Y&R беше прогласена за регионална мрежа на годината на Cannes 2017. Тој е чест говорник на глобалните настани посветени на иновации и креативност, а бил и член во жиријата на најголемите адвертајзинг фестивали. Неговата работа е наградена на Cannes Lions, ADC New York, The One Show, D&AD, Clios, London International, Eurobest, NY Festivals и ADC Europe.
Покрај Џејми Манделбаум, членови на жирито ќе бидат и: Изабела Албручевиц, генерален извршен директор на Wavemaker од Полска; Сузана Албукерке, креативен директор на Uzina од Полска; Сами Басут, креативен директор на Manajans/JWT од Турција; Алексеј Фодоров, извршен креативен директор на BBDO Moscow од Русија; Волфганг Киндерман, креативен директор на isobar Vienna од Австрија; Марија Милушева, креативен директор и партнер во Noble Graphics TBWA од Бугарија; Наталија Морозова, генерален извршен директор на Havas Group од Украина; Алесандро Сабини, генерален креативен директор на McCann Worldgroup Italy и глобален креативен директор на Nespresso од Италија; Мартин Светлик, дигитален креативен директор на McCann Prague од Чешка; и Јан Теулинк, глобален креативен директор на Saatchi & Saatchi од Шпанија.