Четвртото издание на регионалната медиска конференција ќе се одржи од 14 до 16 јуни 2016
New Europe Market е најпосетената дестинација за професионалците од медиумскиот свет, а по четврти пат ќе се одржи од 14 до 16 јуни, во хотелот Dubrovnik Palace.
NEM 2015 ќе остане долго во сеќавањето на учесниците по врвните панели на кои професионалците им дадоа на учесниците непроценлив увид во медиумската индустрија, динамични можности за networking, кои со локцијата го одземаа здивот, како и ретка прилика за дружење со кремот од телевизиската продукција, како Tom Fontanа, Nigel McCrery, Bonnie Pietilа, но и ѕвездите, како што е Tim Daly.
Повеќе од 250 компании од целиот свет го препознаа NEM како единствен настан кој отвара нови можности за соработка и создава нови деловни пријателства, но и како место каде што се разменуваат идеи и каде што сите можат да научат нешто ново од колегите од индустријата.
После исклучително успешното трето издание, NEM продолжува да расте и да се развива, па и во наредната година на учесниците ќе им пружи несекојдневни бизнис прилики. Членовите на менаџментот и управата на најголемите светски медиумски компании ќе се соберат во хотелот Dubrovnik Palace на настан, кој има за цел да го промовира потенцијалот и можностите кои ги овозможува регионот на Средна и Источна Европа. Од менаџери и членови на управата на телевизиски компании, оператори од целиот регион, продуцентски елити, па се до водечки компании за анализа и технологија, но и самите ѕвезди, комплетната телевизиска индустрија се собира на NEM.
За повеќе информации за панелите, панелистите, спонзорските и networking прилики следете не и понатаму!
Facebook Twitter LinkedIn YouTube