Жирито од првиот круг на Euro Effie 2014 натпреварувањето избра 44 проекти кои како финалисти ја помина селекцијата и ќе бидат дел од вториот финален круг.
Целата листа на финалисти можете да ја погледнете на ОВОЈ линк.
Финалистите доаѓаат од 34 агенции и 11 земји. Германија е на врвот на листата со 17 проекти, Обединетотo кралство со 9 и Франција со 4.
Од Балканот имаме претставници само преку Словенија која е застапена со 2 проекти (На Публицис Словенија и Пристоп).
Вториот круг во кој ќе одлучува жирито со кое претседава Geoff Seeley (Global Communications Planning Director во Unilever) ќе се оддржи на 27 јуни во Брисел а победниците на Euro Effie 2014 Grand Prix ќе бидат прогласени на свеченото доделување на наградите кое ќе се оддржи на 17 септември исто така во Брисел.
Извор : Маркетинг Мрежа