Официјално е објавен долго очекуваниот потесен избор на финалисти за натпреварот Golden Drum 2024! По темелното разгледување на сите пријавени проекти, стручната жири комисија ги избраа најизвонредните дела во рамки на главниот натпревар и во натпреварот за млади креативци.
Во главниот натпревар, истакнатото меѓународно жири од 56 членови ги оценуваше пријавените проекти од 32 земји, опфаќајќи пет основни секции: „One-Channel“, „Omni-Channel“, „Craft Drum“, „Creative Business Excellence“, „Creative Media Excellence“, како и специјалната секција „All Juries section“. Притоа, избрани беа 223 финалисти.
Младите таленти беа исто така во фокусот, а жирито на натпреварот „Young Drummers“ ги оцени пријавените дела на младите креативци од целиот свет. Во финалето на оваа категорија влегоа 12 пријавени дела.
Победниците ќе бидат прогласени за време на официјалната наградна церемонија на Golden Drum, поддржана од Mastercard, која ќе се одржи во четврток, на 10 октомври, во 20:00 часот по средноевропско време, во Порторож, Словенија.
Овој многу очекуван настан ќе ја одбележи кулминацијата на фестивалот, во чест на најреволуционерните достигнувања во креативната и огласувачката индустрија за оваа година.
Сите учесници и финалисти на Golden Drum 2024 можат да се разгледаат на следниот ЛИНК.
За македонските учесници и финалисти на Golden Drum 2024 можете да прочитате ТУКА.
Искрени честитки до сите учесници и финалисти!