Home » Во фокусот » Објавени финалистите на SABRE Awards 2015!

Објавени финалистите на SABRE Awards 2015!

emea-finalists-hero

Организаторите на престижните SABRE награди минатата недела го објавија списокот на финалистите за 2015 година за најдобрите комуникациски проекти во EMEA регионот (Европа, Блискиот Исток и Африка). SABRE наградите претставуваат најголемо натпреварување во ПР индустријата и нив ги доделува The Holmes Reportводечката светска независна организација за истражувања во индустријата за комуникации и ПР.

SABRE Awards (Superior Achievement in Branding and Reputation) секоја година доделува признание за исклучителната успешност на комуникациските проекти во Северна Америка, EMEA регионот и Јужно-пацифичкиот регион. Во трката за признанијата кои се доделуваат во повеќе од 20 категории оваа година беа номинирани дури 2000 проекти од целиот свет. Членови на жирито се сениори и професионалци од областите односи со јавност и корпоративни комуникации од угледни светски ПР агенции.

После минатогодишниот голем успех и освојувањето на SABRE наградата за најдобра агенција во Источна Европа, агенцијата Chapter 4 која е присутна со своја канцеларија и во Македонија и оваа година се најде во финалето со два проекти. Списокот на сите финалисти може да се погледне ТУКА.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365