Интернационалниот фестивал на креативноста Cannes Lions, минатата недела ја објави целосната листа на овогодинешните членови на жири комисиите. Вкупно 387 имиња од 50 земји ширум светот.
Philip Thomas, CEO-то на Lions Festivals, ја нагласи важноста на усогласеноста на жирито како би се осигурало праведно оценување и доделување на награди, додавајќи дека жиријата имаат “значајна одговорност во одредувањето на идната насока на развој на креативните комуникации“.
Од 387 потврдени имиња, 40% ќе бидат жени, што претставува значајно зголемување во однос на минатогодишниот процент од 31,5% и воедно претставува досегашен рекорд.
Жирито ќе се состане во Кан каде ќе се одвива во живо за време на траењето на фестивалот, додека пак добитниците на Лавовите ќе бидат објавени и наградени на церемонијалните награди које ќе се одржуваат во текот на осумте дена на фестивалот.
Оваа година Cannes Lions се оддржува од 18 до 25 јуни и содржи три специјализирани настани: Lions Health, Lions Innovation и Lions Entertainment. Повеќе информации за фестивалот и учеството на него можете да погледенете на : http://www.canneslions.com/
Претседателите на жириата за 2016 година се наведени во продолжение, а списокот со сите останати членови на жири комисиите можете да го погледете на ОВОЈ ЛИНК.
Creative Effectiveness Lions: Andrew Robertson, Chief Executive Officer, BBDO, Global
Cyber Lions: Chloe Gottlieb, SVP, Executive Creative Director, R/GA, SAD
Design Lions: Tristan Macherel, Executive Creative Director, Landor, Francuska
Digital Craft Lions: Wesley ter Haar, Founder / Chief Operating Officer, MediaMonks, Global
Direct Lions: Mark Tutssel, Global Chief Creative Officer, Leo Burnett Worldwide / Creative Chairman, Publicis Communications, Global
Film Lions Jury: Joe Alexander, Chief Creative Officer, The Martin Agency, Global
Film Craft Lions: Laura Gregory, Chief Executive Officer, Great Guns, UK
Glass Lions: Madeline Di Nonno, Chief Executive Officer, Geena Davis Institute for Gender in Media, Global
Media Lions: Nick Waters, Chief Executive Officer, Dentsu Aegis, Asia Pacific
Mobile Lions: Malcolm Poynton, Global Chief Creative Officer, Cheil, Global
PR Lions: John Clinton, Chair, Canada: North American Head of Creative and Content,Edelman, Sjeverna Amerika
Print & Publishing Lions: Joji Jacob, Group Executive Creative Director, DDB Group, Singapur
Product Design Lions: Amina Horozic, Lead Industrial Designer, fuseproject, SAD
Promo & Activation Lions: Rob Reilly, Global Creative Chairman, McCann Worldgroup, Global
Outdoor Lions: Ricardo John, Chief Creative Officer, J. Walter Thompson, Brazil
Radio Lions: Tom Eymundson, CEO, Director, Pirate Group Inc., Kanada
Titanium and Integrated Lions: Sir John Hegarty, Founder. Creative, BBH, UK