Европскиот центар за новинарство, во партнерство со Проектот за новинарство на Facebook, ги соопшти имињата на 57-те новински организации кои ќе добијат грантови како дел од првиот бран на Фондот за поддршка на европското новинарство во услови на пандемијата на Ковид-19.
Избраните публикации во 20 европски држави ќе добијат грантови од 10,000 до 25,000 евра со цел да ги ублажат последиците врз бизнисот предизвикани од пандемијата.
Европскиот центар за новинаство добиле вкупно 988 пријави за добивање на средства од Фондот за поддршка, а процесот на селекција го поминале 57 новински организации. Меѓу нив се најде само еден медиум од Македонија, порталот Досие.мк, кој ќе добие грант во вредност од 25,000 евра.
Доделените средства ќе им помогнат на новинските организации во исплатата на плати; ангажирањето на фриленсери; замена на приходите од креирање и дистрибуција на печатени изданија или од донации/претплати/членства; надополнување или замена на загубениот приход од огласување или придружни бизнис активности; плаќање на кирија, опрема и друга технологија неопходна за извршувње на задачите.
Целосната листа на медиуми кои ќе добијат поддршка од Фондот за поддршка на европското новинарство може да се погледне на следниот линк.