На 15 јуни отпочна процесот на жирирање за пријавените кампањи на еден од најголемите креативни настани во Европа – XII Меѓународен адвертајзинг фестивал White Square, кој оваа година ќе се одржи онлајн. За натпреварувачкиот дел на фестивалот се пријавиле вкупно 937 кампањи на агенции од 31 држава ширум светот. Заедно со редовните учесници од Русија, Белорусија, Украина, Литванија, Латвија, Естонија, Грузија, Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Узбекистан, Полска, Унгарија, Романија, Бугарија, Холандија, Италија, Шпанија, Франција, Португалија, Шведска, Израел, Обединетите Арапски Емирати, покрај тековната глобална криза на корона вирусот, на фестивалот се пријавиле и кампањи на агенции од Кина, Индија, Бразил, Чиле, Колумбија, Перу и Аргентина.
Процесот на жирирање ќе се одржи во две фази: од 15 до 22 јуни ќе трае пред-селекцијата на кампањите, а од 24 до 26 јуни, во форма на онлајн конференции со дискусии во живо ќе се одржат главните работни сесии на жири-комисиите. Претседателите кои ќе ја предводат работана на нивните жири-тимови се докажани професионалци во индустријата на комуникациите, брендирањето, маркетингот, дигиталните технологии и медиумите, со бројни престижни индустриски награди позади нивните имиња и големо искуство во жирирањето, стекнато на водечките меѓународни креативни фестивали:
Претседател на жирито за категоријата “Creativity”
Креативен директор во Wieden+Kennedy Amsterdam
Холандија
Претседател на жирито за категоријата “Branding”
Креативен партнер во A Equipa
Португалија
Претседател на жирито за категоријата “Digital”
Партнер и член на бордот на Drama Queen
Финска
Претседател на жирито за категоријата “Marketing”
CEO и CCO во FCB Lisboa
Португалија
Претседател на жирито за категоријата “Media”
Директор за технологија во Media Direction Group
Русија
Претседател на жирито за категоријата “Change for Good”
Креативен директор во ANYBODYHOME!
Русија
На 29 јуни, потесниот избор на кампањи во категориите Creativity, Branding, Marketing, Creative Effectiveness, Media, Digital и Change for Good, ќе бидат публикувани на официјалниот веб-сајт на фестивалот adfest.by. Добитниците на златни, сребрени и бронзени награди, како и добитникот на Grand Prix наградата на White Square 2020 ќе бидат прогласени на наградната церемонија на 9 јули, која ќе се емитува во живо насекаде во светот.
Оваа година, на меѓународниот фестивал White Square ќе работат и две специјални жири-комисии за категориите “Mass-Media” и “Young Creators”. Традиционално, жирито за мас-медиуми игра важна улога во вреднување на кампањите од гледна страна на новинарите.
Претседател на жирито за категоријата “Mass Media”
Гада Ази
Уредник во ArabAd
Либан
Претседател на жирито за категоријата “Young Creators”
Vикторија Ефремова
ПР-директор и соосновач во littleMORE
Белорусија
Организаторите на фестивалот припремија и богата деловна програма која ќе биде емитувана онлајн во текот на два дена – 7 и 8 јули – и ќе вклучува повеќе од 80 предавања и дискусии, во кои главните говорници ќе зборуваат за актуелните трендови, иновативни погледи и креативни идеи во сферата на комуникациите, адвертајзингот, маркетингот, брендирањето, медиумите и променлиците пазарни реалности. Меѓу говорниците ќе се најдат: Едсон Атајде, CEO и CCO на FCB Lisboa од Португалија; Тиџмен Молдер, соосновач на Robot Kittens од Холандија; Ана Луканина, управен партнер во Depot од Русија; Францеск Морето, дизајнер во Interbrand Madrid од Шпанија; Јулија Довлатова, извршен креативен директор во Geometry Prague од Чешка; Фолкер Враге, CEO на Leavingstone од Грузија/Швајцарија; Андреј Длигач, директор на Advanter Group од Украина; Доротија Тот, постар копирајтер во DDB Budapest од Унгарија, претставници од Адвертајзинг асоцијацијата на Кина и многу други.
Секој кој е заинтересиран да ја прошири својата експертиза во светот на маркетингот, креативноста и брендирањето е добредојден да земе учество. Регистрацијата за учество на деловната програма на White Square е отворена онлајн на официјалниот веб-сајт adfest.by.