Најпопуларниот светски интернет пребрувач Google го објави својот традиционален преглед на најпребарувани поими во текот на годината која изминува, поделени по различни категории.
На глобално ниво, најпребарувани термини биле спортските натпреварувања „Copa América“ и „UEFA European Championship“. Во сферата на вестите најпребаруван термин биле американските претседателски избори („U.S. Election“), по што следуваат „Прекумерна топлина“ („Excessive heat“) и Олимписките игри („Olympics“).
Најпребарувани луѓе биле Доналд Трамп, принцезата Кетрин и Камала Харис, а најпребарувана смрт била онаа на Лијам Пејн од бендот One Direction. Најпребарувани актери биле Кет Вилијамс од САД и Паван Калајан од Индија. Најпребарувани филмови биле „Inside Out 2“ и „Deadpool & Wolverine“. Најпребарувани телевизиски серии биле „Baby Reindeer“ и „Fallout“.
Во областа на музиката, најпребарувани имиња биле оние на Диди и Ашер, по што следуваат бендот Linkin Park, односно изведувачите Сабрина Карпентер и Џастин Тимберлејк. Најпребарувана песна била „Not Like Us“ на Кендрик Ламар.
Најпребарувани спортисти биле Имане Келиф, Мајк Тајсон, Ламин Јамал, Симон Билс и Џејк Пол, најпребарувани спортски тимови биле New York Yankees, Los Angeles Dodgers, Inter Miami CF, Bayer 04 Leverkusen и Boston Celtics.
Во однос на локациите, најпребаруван парк бил Централниот парк во Њујорк, а најпребаруван музеј бил Британскиот музеј во Лондон. Најпребаруван стадиот била Арената во Верона, Италија.
Целосниот преглед на најпребарувани поими на Google во 2024 година е достапен на следниот ЛИНК.