Grand Prix награди за An Nahar, Burberry, Xbox / Microsoft и Znamkamarada
Организацијата на Gerety Awards, единствените креативни награди кои ги наградуваат најдобрите остварувања во адвертајзингот од женска перспектива, ги објави победниците за овогодишното издание.
„Победничките дела поттикнаа богата дискусија со другите членови на жирито. Не често ја имате можноста да бидете дел од жири составено од жени од различни позадини. Тоа беше потсетување за колку ни се потребни различните перспективи и искуства кога создаваме креативни дела, но и кога ги наградуваме со нашата најголема почест. Во морето на „истоста“, Gerety Awards ги наградува најдобрите во глобалниот адвертајзинг преку женската перспектива,“ објасни Ненси Крими-Ламана, генерален креативен директор на агенцијата FCB Canada и член на жирито на Gerety Awards.
Вкупно 196 жири-членови од 36 држави, составени од индустриски лидери од ширум светот, доделија вкупно 114 награди и тоа: 4 Grand Prix, 15 златни, 47 сребрени и 48 бронзени награди.
Од сите земји како најуспешни се покажаа Соединетите Американски Држави, кои освоија 19 статуетки, по кои следува Канада со 13, Обединетото Кралство со 12, Франција со 11 и Шпанија со 7 награди.
Добитник на Grand Prix во категоријата Experience беше кампањата „The Birth of Gaming Tourism“ на агенцијата McCann London за клиентот Xbox/Microsoft.
Grand Prix наградата во категоријата Communications беше доделена за кампањата „The New National Anthem Edition“ од агенцијата Impact BBDO Dubai за либанскиот дневен весник An Nahar.
Добитник на Grand Prix во категоријата Craft беше кампањата „Festive“ од агенцијата Riff Raff Films за клиентот Burberry.
Grand Prix наградата во категоријата Works for Good му припадна на агенцијата WMC Grey Prague и клиентот Znamkamarada за кампањата „Anticorruption Hackathon“.
Целосната листа на победници на Gerety Awards 2021 може да се погледне на официјалниот веб-сајт www.geretyawards.com.