Еден од најголемите меѓународни фестивали на креативноста во Европа, White Square, кој го опфаќа целиот спектар на комуникациите, маркетингот, брендирањето и креативните индустрии, ги објави победниците за 2023 година.
Фестивалот White Square, промовирајќи ја креативноста, високо ги цени свежите идеи и луѓето во адвертајзингот и креативната индустрија, ги споделува принципите на општествено одговорниот маркетинг, мирот и ги брани универзалните човечки вредности.
Оваа година во натпреварувачката програма на фестивалот биле поднеени 759 пријави од претставници на комуникациски, маркетинг, адвертајзинг, брендинг, дигитал и ПР агенции од 35 земји од целиот свет. Како и во претходните години, најголем број од пријавените кампањи биле поднесени во категоријата Creative.
Високото ниво на жирирање, професионалната компетентност и непристрасноста во оценувањето на пријавените кампањи се неколку од силните страни на фестивалот White Square. Пријавените кампањи на фестивалот беа оценувани од 4 меѓународни жири-комисии составени од експерти од повеќе од 40 земји, со светско признание во адвертајзинг индустрија, бројни награди и искуство во жирирање на престижни фестивали за креативност ширум светот. Евалуацијата на кампањите се одржа во две фази. Во првата, жирито ја утврди „долгата листа“ на фестивалот, а во втората – го направи потесниот избор и ги избра победниците на фестивалот, истовремено номинирајќи кампањи за главната Grand Prix награда на фестивалот.
Grand Prix наградата на фестивалот ја одреди Големото Жири, во кое беа вклучени претседавачите на четирите основни жирија:
- Претседавачот на жирито за Creative & Branding, Микеланџело Чанчиози, основач и извршен директор на The Bunch од Италија;
- Претседавачот на жирито за Marketing & Digital, Кестрел Ли, генерален креативен директор на Integrated Solutions при Dentsu во Кина;
- Претседавачот на жирито за Craft, Алекс Теодореску, извршен партнер во Saga Film од Романија; и
- Претседавачот на жирито за Mass Media, Красимир Папазов, главен уредник на RedLink од Бугарија.
Меѓународното жири го ценеше целокупното ниво на фестивалските пријави и ја истакна силната конкуренција оваа година.
Целосната листа на победници на Меѓународниот фестивал на креативноста White Square за 2023 година е достапна на следниот ЛИНК.
Членовите на жирито и организацискиот одбор на White Square 2023 изразуваат благодарност до сите учесници и им честитаат на победниците кои беа високо оценети на фестивалот, надевајќи се дека нивните идеи ќе придонесат за развојот на креативната индустрија, ќе донесат инспирација и ќе помогнат во носењето на позитивни промени за светот.