Натпреварот Eurobest, наменет да ја слави најреволуционерната креативност во Европа, ги објави добитниците на Grand Prix награди, специјални награди и најдобри млади креативци. Од вкупно 2528 апликации, наградени се 228 креативни проекти на 18 пазари, поставувајќи го европскиот стандард за креативна извонредност за 2024 година.
Извештајот за креативност на Eurobest, како клучен репер за креативна извонредност низ Европа, беше објавен по доделувањето на наградите. Покрај многу очекуваните рангирања, извештајот нуди длабински коментари за клучните трендови и теми идентификувани од жирито за време на нивните состаноци.
Меѓу најистакнатите трендови се „Свежите сфаќања за познати прашања“, славејќи ги иновативните пристапи кон добро познатите предизвици. Друг тренд – „Економија 101“, истакнува како брендовите поттикнуваат попаметна, поефикасна потрошувачка, фокусирајќи се на еколошките придобивки и заштеди на трошоците за потрошувачите кои се свесни за буџетот. Моќта на хуморот, исто така, блесна меѓу темите на извештајот, демонстрирајќи ја неговата способност да ја подобри видливоста на брендот. На крај доаѓа хуманизирањето на здравствената заштита, каде што нежниот хумор, креативните аналогии и автентичното раскажување приказни, се наметнаа како влијателни алатки за адресирање на физичкото и менталното здравје. Целосниот Извештај е достапен за прегледување исклучиво преку платформата The Work.
„Наградите Eurobest ја слават генијалноста и културната широчина на креативниот талент на Европа, а овогодинешните победници ги поставија стандардите. Трендовите кои се наметнуваат даваат увид во некои од динамичните иновации кои ќе продолжат да ја обликуваат европската креативност. Им честитаме на сите заслужни победници“ – истакнува Сајмон Кук, извршен директор на LIONS.
Специјални награди на Eurobest 2024
Агенциска мрежа на годината:
- Publicis Worldwide
- Serviceplan Agenturgruppe
- McCann Worldgroup
Мрежа на медиски агенции на годината:
- PHD Worldwide
- OMD Worldwide
- Mediaplus
Агенција на годината:
- Serviceplan, Минхен, Германија
- Publicis Conseil, Париз, Франција
- LePub, Милано, Италија
Независна агенција на годината:
- Serviceplan, Минхен, Германија
- Edelman, Лондон, Обединето Кралство
- Jung Von Matt AG, Хамбург, Германија
„Златна палма“ – Продукциска агенција на годината:
- Indiana Production Company, Италија
- Lee Films, Шпанија
- HENRY, Франција
Агенција на годината по поединечен пазар:
- Белгија: Wunderman Thompson, Антверп
- Финска: TBWA\Helsinki, Хелсинки
- Франција: Publicis Conseil, Париз
- Германија: Serviceplan, Минхен
- Италија: LePub, Милано
- Холандија: AKQA, Амстердам
- Норвешка: TRY, Осло
- Шпанија: Lola MullenLowe, Мадрид
- Шведска: Åkestam Holst, Стокхолм
- Обединето Кралство: McCann, Лондон
Добитници на Grand Prix награди по категорија:
- Audio & Radio: ‘Pub Museums’, за Heineken, од LePub, Милано, Италија / Publicis, Даблин, Ирска
- Brand Experience & Activation: ‘The Everyday Tactician’, за Xbox, од McCann, Лондон, Обединето Кралство
- Creative B2B: ‘The Move to -15’, за DP World, од Edelman, Лондон, Обединето Кралство
- Creative Business Transformation: ‘Renault – Cars To Work’, за Renault, од Publicis Conseil, Париз, Франција
- Creative Commerce: ‘Price Packs’, за PENNY, од Serviceplan, Минхен, Германија
- Creative Data: ‘Room for Everyone’, за Mastercard, од McCann Poland, Вашрава, Полска
- Creative Effectiveness: ‘Raise Your Arches’, за McDonald’s, од Leo Burnett, Лондон, Обединето Кралство
- Creative Strategy: ‘Darty – Long Lasting Reviews’, за Darty, од Publicis Conseil, Париз, Франција
- Design: ‘855-HOW-TO-QUIT-(OPIOIDS)’, за Anzen Health, од Serviceplan, Минхен, Германија
- Digital Craft: ‘Animal Alerts’, за PetPace, од Serviceplan, Минхен, Германија / L&C, Њујорк, САД
- Direct: ‘Renault – Cars To Work’, за Renault, од Publicis Conseil, Париз, Франција
- Entertainment: ‘The Everyday Tactician’, за Xbox, од McCann, Лондон, Обединето Кралство
- Film: ‘Chess’, за Sitges – International Fantastic Film Festival of Catalonia, од CHINA, Мадрид, Шпанија
- Film Craft: ‘Never Just a Period’, за Libresse, од Soundtree Music / AMV BBDO, Лондон, Обединето Кралство
- Glass: The Award For Change: ‘Pink Chip’, за DEGIRO, од AKQA, Амстердам, Холандија
- Grand Prix for Good: ‘Assume That I Can’, за CoorDown, од Indiana Production Company, Милано, Италија / SMALL, Њујорк, САД
- Healthcare: ‘Waiting to Live’, за NHS, од VML, Лондон, Обединето Кралство
- Industry Craft: ‘The 100th Edition’, за Frankfurter Allgemeine Zeitung, од Scholz & Friends, Берлин, Германија
- Innovation: ‘Pink Chip’, за DEGIRO, од AKQA, Амстердам, Холандија
- Integrated: ‘150 Years of Whateverken’, за Heineken, од LePub, Милано, Италија
- Media: ‘If you’re into it, it’s in the V&A’, заV&A, од PHD / adam&eveDDB, Лондон, Обединето Кралство
- Outdoor: ‘Pub Museums’, за Heineken, од LePub, Милано, Италија / Publicis, Даблин, Ирска
- PR: ‘Tampon FOR MENstruation’, заVuokkoset, од TBWA\Helsinki, Финска
- Print & Publishing: ‘Price Packs’, за PENNY, од Serviceplan, Минхен, Германија
- Social & Influencer: ‘Olympic Curry’, за McDonald’s, од DDB, Париз, Франција.
Натпревар за млади креативци:
- Златна награда: Џејк Смит, креативец во Havas Consumer Health, и Рахул Сонегра, дизајнер во Havas Consumer Health, од Обединетото Кралство, за проектот ‘Waves of Donating’
- Сребрена награда: Богларка Барабас, копирајтер, и Фани Бако, помлад арт директор во feat., од Унгарија, за проектот ‘SHIPPING FEE’
- Бронзена награда: Јохана Елизабет Вилсмајер, помлад арт директор, и Сара Беатрикс Илсе-Ертл, приправник, во Serviceplan München, од Германија, за проектот ‘Flight For Life’.
Сите победници се достапни за прегледување на платформата The Work.