Агенциската групациа Dentsu Media објави промени во рамки на лидерскиот тим за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, со цел да го зајакне фокусот кон клиентите и да продолжи да им помага да го трансформираат својот бизнис и да одговорат на постојано променливите потреби на потрошувачите.
За нов генерален извршен директор на медискиот оддел на Dentsu во регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка беше именуван Паоло Стучи, кој за своите активности ќе одговара пред генералниот извршен директор за истиот регион, Џулијо Малегори, како и пред глобалниот генерален извршен директор за медискиот оддел, Питер Хујбум.
Паоло Стучи ќе го води медискиот бизнис на Dentsu во Европа, Блискиот Исток и Африка, координирајќи илјадници медиски експерти, специјалисти, алатки и производи во рамки на наградуваните агенции iProspect, Carat, Dentsu X и други во пошироката мрежа на Dentsu. Паоло Стучи има голема експертиза во медиумската сфера, работејќи во Dentsu повеќе од 12 години и тоа на неколку лидерски позиции. Последно, тој беше генерален извршен директор за Јужна Европа, Турција, Блискиот Исток и Северна Африка.
Како дел од промените во Dentsu, досегашниот извршен директор на медискиот оддел на компанијата за Европа, Блискиот Исток и Африка, Томас Ле Тиери, ќе премине во нова клучна лидерска улога како советник за клиенти во истиот регион. На оваа позиција, Томас ќе ги води клучните односи со медиските клиенти на Dentsu и ќе биде нивни партнер во развојот и испорачувањето на прогресивни и ефективни медиски стратегии за поддршка на нивните деловни приоритети и планови за раст во 2023 година. Томас Ле Тиери има богато и длабоко искуство работејќи како дел од Dentsu во последните 25 години. Неговото искуство било клучно за разбирање и одговарање на потребите на клиентите, опфаќајќи повеќе лидерски улоги низ регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка.
Промените ќе стапат на сила во првиот квартал на 2023 година.