CareerLaunch е настан кој за прв пат ќе ги поврзе иновативните tech и стартап компании со младите, со цел да го унапредат својот тим со таленти кои ќе придонесат во реализација на нови идеи, иновативните проекти и нивен целосен развој.
Во четврток на 13ти октомври со почеток во 14:00 часот во Јавна Соба [Public Room], 13 компании ќе се претстават со свои штандови, покрај тоа во исто време ќе се организираат CareerLaunch Talks каде успешни претприемачи и професионалци ќе ги споделат своите искуства и лекции успех и кариера. Веќе од 17:15 часот две компании учеснички организираат работилници за да го споделат своето практично знаење:
- Летз работилница: Како да направиш чет апликација од почеток за 2 часа користејќи Swift и Firebase?
- МкХост работилница: Интернетот како начин за водење бизнис -Од веб сајт до заработка
CareerLaunch е бесплатен настан за посетители.
Кои се компаниите учесници и нивните отворени позиции за работа, пракса и нова кариера преку CareerLaunch.
System for enterprise e иновациски центар за креирање софтверски решенија од областа на осигурувањето. Отворени позиции има за Product Development Manager, Senior Front-end .NET Developer, Junior Front end .NET Developer, Junior Back end developers.
GSIX е компанија фокусирана на развој на иновативни софтверски решенија. Она што GSIX ја издвојува на пазарот е различноста на тимот и спојот на претприемачкото и инженерското при решавање на проблемите.
Летз се залага за што повеќе продуктивни денови и решавање на еден од поголемите проблеми на човештвото денес, а тоа е ефективно и ефикасно справување со обврските во кратко време. Отворени позиции има за Android Developer и iOS Developer.
DoxTeam е ИТ стартап за “State of the art” решенија во облак, со најсовремена микросерверска архитектура. Отворени позиции во DoxTeam се за Node.JS back end developer, Angular front end developer, React front end developer, iOS developer,
AWS (Amazon) administrator, Azzure (Microsoft) administrator, Social media marketing specialist.
Бреинстер има визија да го претвори целиот град во универзитет, секој простор во училница и секој од нас во инструктор и студент. Отворена позиција за работа во Бреинстер има за дигитален маркетер.
Embed Social е компанија која развива технологија за дигитални маркетери. Отворени позиции на Embed Social има за дигитален маркетер и продукт менаџер.
ИБОРН.НЕТ е ИТ компанија со значајно искуство од неколку области, меѓу кои: здравство, осигурување, едукација, недвижности, е-комерција, маркетинг и анализа на пазари. ИБОРН.нет располага со повеќе тимови кои работат во полето на разни современи технологии. Отворени позиции има за Java developer, ASP.Net developer, Drupal developer, Python / Django developer, Quality Assurance
МКхост е #1 хостинг провајдер и регистрар на домени во Република Македонија. Отворени позиции за работа има за system administrator, web developer (front end & back end), graphic designer, sales manager и marketing manager.
Final Frontier Games е студио за дизајн и продукција на друштвени игри. Посетителите на настанот ќе можат да ја пробаат Cavern Tavern друштвената игра на Final Frontier Games. Cavern Tavern важи за досега најуспешната македонска кикстартер кампања.
Inception Enterprises е дигитална продукција со фокус на талент менаџмент и дигитална иновација. Inception Enterprise има отворени позиции за веб девелопер, веб UX, графички дизајнер, дигитален маркетер.
Солвео е платформа која преку натпревари ги поврзува локалните компании со студентите за креативно решавање на модерни бизнис проблеми.
Seavus Incubator е мултифункционален простор кој е посветен на поддршка на претприемачи и стартапи кои работат во областа на информационите технологии, креативните индустрии и медиумите. Во инкубаторот се менторираат идеи, се обезбедува инфраструктура и ресурси за успешен раст и развој на компаниите.
Start Up академија е програма за стекнување на претприемачки вештини и развивање на потенцијални бизнис идеи во оперативни бизниси.
Се гледаме во четврток на CareerLaunch.