(СВЕТ) – BBDO, Omnicom, Starcom MediaVest и Dentsu Tokyo се наоѓаат на првите места на The Directory Big Won ранг-листите за 2014 година. Ова е веќе седма година со ред како BBDO се наоѓа на врвот на индустриските ранг-листи.
Рангирањето се врши според податоците за победниците на 32 интернационални фестивали, на кои вкупни 1667 агенции освоиле награди за 5138 пријавени проекти.
Како и претходните две години, Америка е на првото место на ранг-листата за најкреативни земји во 2014. Велика Британија за прв пат се најде на второто место, а третото му припадна на Бразил.
Најдобрата медиска агенција е Starcom Mediavest, на второто место е PHD, а третото му припадна на агенцијата OMD.
Трите најкреативни агенции се: Dentsu Tokye, Adem&EveDDB London и Leo Burnett Sao Paulo. Најдобри креативни директори се Давид Лубарс од агенцијата BBDO New York и Марсело Реис од агенцијата Leo Burnett Sao Pauli, а Бен Прист, Емер Стамп и Бен Толет од агенцијата Adam&EveDDB London се најдобрите извршни креативни директори
Повеќе информации и целосните ранг-листи можете да ги пронајдете на следниот сајт: https://www.directnewideas.com/bigwon/