Гордана Ампова Димeвска (Зегин), Ленче Карпузовска (ЕВН), Василије Чорлука (Сачи&Сачи / Публицис ОНЕ), Жарко Димитриевски (Еден на Еден) и основачот на Маркетинг365, Борис Ефтимовски – ќе ја претставуваат Македонија во овогодинешното, најголемо досега, жири на креативниот фестивал BalCannes составено од некои од најдобрите и најискусни 25 стручњаци во комуникациската индустрија од регионот.
Жирито составено од претставници од огласувачите, медиумите и агенциите ќе има за задача да ги избере најдобрите проекти и најдобрите агенции од регионот, а седум од нив ќе ги награди со единствената награда – BalCannes лав.
BalCannes наградите ќе ги додели секое од трите состави на жирија и годинава ќе имаме уникатна можност да ги видиме посебните избори на ТОП 25-те проекти на регионот во изборот на секое од нив.
Жирито составено од клиентите (огласувачите) го сочинуваат: Гордана Ампова Димеска, Зегин (Македонија); Давор Чичиќ, Сараевски кисељак (БиХ); Белма Хаџиомеровиќ, Raiffeisen банка (БиХ); Тјаша Колен Филипчиќ, Триглав (Словенија); Ленче Карпузовска, EVN (Македонија);Јелена Милинковиќ, Атлантик Група (Словенија); Сања Милиновиќ, Хрватски Телеком (Хрватска); Милана Огњеновиќ, Теленор Банка (Србија); Катарина Шибалиќ, Strauss Адриатик (Србија) и Иван Шувар, Загребачка пивара (Хрватска).
За прв пат, во Balcannes жирито, овојпат се приклучуваат и претставници од агенциите. Жирито е составено од: Аљоша Багола, Пристоп (Словенија); Василије Чорлука, Saatchi&Saatchi (Македонија); Жарко Димитриоски, Еден на Еден (Македонија); Милош Ѓурѓевиќ, Fullhouse Ogilvy (Србија); Бојан Хаџихалиловиќ, Фабрика (БиХ); Петра Крулц, Греј Љубљана (Словенија); Сеан Пропат, Studio Sonda (Хрватска); Дејан Шлјук, Aquarius (БиХ); Ана Шутиќ, New Moment New Ideas Company (Србија) и Даниел Вуковиќ, Меккен Загреб (Хрватска).
Покрај претставниците од клиентите и агенциите, пријавените проекти ќе ги оценува и жири составено од претставници од медиуми кои ја следат индустријата, а кое е составено од: Иван Брезак Бркан, Нетокрација (Хрватска); Младен Дакиќ, Дневни аваз (БиХ); Борис Ефтимовски, Маркетинг365 (Македонија); Марјан Новак, Маркетинг магазин (Словенија) и Ивана Парчетиќ Митиќ, Маркетинг мрежа (Србија).
Сите агенции од регионот се поканети да учествуваат на BalCannes. Пријавите се отворени до 01.09.2017, а повеќе информации за тоа како да се учествува можете да погледнете на: www.balcannes.com.
BalCannes се оддржува во склоп на најголемиот регионален фестивал на креативноста Weekend Media Festival од 21-ви до 24-ти септември во Ровињ, Хрватска.