Еден од најголемите фестивали на креативност во Европа – Меѓународниот фестивал за маркетинг и огласување White Square – го објави составот на жири-комисиите кои ќе ги доделуваат наградите на овогодинешното издание. Секоја година, преку 1000 пријавени кампањи, имплементирани од страна на агенции и брендови во областа на маркетингот и адвертајзингот од целиот свет, учествуваат во натпреварувачкиот дел на фестивалот.
Учество на фестивалот секоја година земаат претставници од повеќе од 30 различни држави, вклучувајќи ги Германија, Франција, Шведска, Италија, САД, Шпанија, Русија, Белорусија, Украина, Балтичкиот регион, регионот на Блискиот Исток и Северна Африка, како и многу други, кои се натпреваруваат за наградите на White Square. За прв пат минатата година, на фестивалот учествуваа и пријавени кампањи од Перу, Бразил, Чиле, Кипар и Кина.
Оваа година, пријавените кампањи на меѓународниот огласувачки фестивал White Square ќе бидат оценувани од страна на седум различни жири-комисии, кои според сите меѓународни станадарди ќе бидат претставувани од вистински ѕвезди во глобалната комуникациска индустрија. Тие ќе вклучуваат претставници од големи меѓународни агенциски мрежи и локални независни агенции, луѓе со богато искуство во жирирање на водечките светски адвертајзинг фестивали и добитници на престижни глобални креативни награди – вклучувајќи преку 400 кански „лавови“, вкупно.
Жири комисиите се составени врз основа на стандарди за компетентност и нивна задача ќе биде да ги евалуираат сите пријавени кампањи на фестивалот White Square, во шест категории: Creativity, Branding, Marketing & Marketing Effectiveness, Media, Digital и Craft. Овие категории се потоа поделени во соодветни поткатегории, 129 на број, кои се релевантни за глобалниот индустриски пазар. Седмото жири е посветено на специјалната награда за категоријата “Mass Media”, во која пријавните кампањи се вреднувани од гледна точка на професионалните медиуми. Главната награда на фестивалот – Grand Prix, ќе биде одлучена од страна на Големото жири, составено од претседавачите и потпретседавачите на претходноспоменатите жири-комисии.
Повикот за пријавување на кампањи за White Square е отворен и трае до 17 мај. Пријавувањето е целосно онлајн.
Во продолжение следува составот на жири-комисиите на White Square 2021:
Процесот на жирирање на пријавените кампањи ќе се одржи во ран јуни во формат на онлајн конференција. Бизнис и едукативната програма на фестивалот треба да се одржи од 9 до 10 јуни. Победниците на White Square 2021 ќе бидат соопштени за време на наградната церемонија, која е закажана за 11 јуни и ќе биде емитувна онлајн, при што сите учесниците ќе добијат можност да ја проследат.
Победниците на White Square 2021 ќе бидат нашироко промовирани во индустриските медиуми во повеќе од 50 држави ширум светот.
Резултатите на White Square се земаат во предвид при составувањето на индустриските ранг-листи како глобалниот креативен ранкинг AdForum Business Creative Report, глобалниот ранкинг TopFice, балтичкиот ранкинг на агенции, креативниот ранкинг на Естонската маркетинг асоцијација, ранкингот за креативност и ефективност на Асоцијацијата на комуникациски агенции на Русија, креативниот ранкинг на Централна Азија и Азербејџан, како и ранкингот за креативност на Асоцијацијата на комуникациски и маркетинг агенции на Белорусија.
Фестивалот White Square го организира Асоцијацијата на комуникациски и маркетинг агенции на Белорусија, која е официјалниот претставник на Белорусија во најголемата меѓународна професионална унија во Европа – EACA (European Association of Communications Agencies).
Пријавете ги вашите кампањи и не пропуштајте ја можноста да бидете победник на меѓународниот адвертајзинг фестивал White Square 2021!