Откако беше принуден да го откаже изданието во 2020 година, тимот на креативниот фествал Golden Drum го притиска копчето за Re:Start и со помош на меѓународни експерти воведува фундаментални промени во својот натпреварувачки дел, каде можност за освојување награди ќе имаат сите креативни дела публикувани во последните две години.
Двете генерални категории WHAT и WHY се заменуваат со четири нови: Creative Business Excellence Drum, Craft Drum, One-Channel Drum и Omni-Channel Drum.
Категоријата за креативна бизнис извонредност (Creative Business Excellence Drum) е наменета за кампањите кои демонстрираат извонредни решенија и ја преобликуваат деловната индустрија. Тие ќе бидат оценувани од страна на мешано 16-члено жири, составено од светски најуспешните маркетери и агенциски професионалци, препознати на меѓународно ниво не само по својата експертиза во полето на креативноста, туку и по нивното широко знаење во деловната сфера.
За претседател на жирито за Креативна бизнис извонредност е назначена Омур Кула Чапан, со-основач на Primer Project и претседател на Адвертајзинг фондацијата на Турција. Таа е докажан агенциски лидер со 15-годишно искуство, тесно соработувајќи со своите клиенти во создавање на креативни дела кои опфаќаат дизајн на производи, бренд стартегии, маркетинг и комуникации. Таа исто така придонесува со предавања по маркетинг и комуникации на повеќе универзитети во Турција, а воедно е и дел од Извршниот одбор на Иницијативата за реформи во образованието.
Во жирито за Креативна бизнис извонредност, Омур ќе биде придружена од страна на своите ценети колеги: Сара Косгроув, европски комуникациски директор на DDB Worldwide од Обединетото Кралство; Жива Чижман, потпретседател за маркетинг на Outfit7 од Словенија; Естебан Давалот, постар регионален маркетинг директор на LEGO REEMEA; Ејнат Гуеџ, генерален извршен директор и со-основач на Papaya Global од Израел; Андреа Хенао, управен дирктор на 360 Agency Berlin и 360 Agency Europe од Германија; Игор Кирикичи, генерален извршен директор на BBDO Moscow и управен директор на BBDO Russia Group од Русија; Давид Кушаниќ, директор за стартешко планирање во Alpine F1 Team од Франција; Жанет Лиендо, постар потпретседател за маркетинг и комуникации во Mastercard Europe; Габриела Лингу, глобален креативен директор во VMLY&R и основач на WINGS Creative Leadership Lab од Обединетото Кралство; Фернандо Мачадо, глобален генерален маркетинг директор на Restaurant Brands International од САД; Мона Опран, директор за развој во Junior Achievement и Business Transformation Consultant од Романија; Давид Пивк, постар директор за директен маркетинг со потрошувачите во Nike EMEA; Блејк Прајс, потпретседател за маркетинг и уметнички партнерства во Universal Music Group for Brands од Обединетото Кралство; Александре Тан, потпретседател за адвертајзинг во Gameloft од Франција; и Лаури Тоивонен, постар потпретседател за маркетинг во S-group од Финска.