Овогодинешното 31. издание на меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum ќе се одржи на 13 и 14 октомври 2025 година во Порторож, Словенија. Конкурсот за пријавување на креативни проекти е веќе отворен, а промотивната понуда Super Early Bird трае до 25 април.
Денес, фестивалот Golden Drum ги претстави имињата што ќе го сочинуваат стручното жири за натпреварувачката секција One-Channel. Оваа секција се фокусира на поединечни креативни дела кои користат еден канал за пренесување на пораката до пазарот. Пријавените проекти во овој натпреварувачки сегмент треба да ја покажат креативната употреба на едноканалната комуникација, нејзините придобивки и ефикасност.
Овогодишен предводник на едноканалното жири ќе биде Калвин Инес, генерален директор и креативен директор на JvM NERD од Обединетото Кралство. Калвин носи повеќе од две децении експертиза во концептуален дизајн, креативна насока и раскажување приказни за брендови, особено кога станува збор за поврзување на брендовите со културата на видео-игри, анимирани серии и воопшто популарната култура на младите. Неговото работно искуство вклучува видео-игри како Super Mario и Fortnite, а соработувал и со глобално познати брендови како Bandai Namco, Kellogg’s, Sony, National Trust, Cadbury’s, Universal Studios и Nestlé.
Во неговата одговорна улога како претседател на едноканалното жири, тој ќе биде поддржан од следните ценети членови на жирито:
- Роберт Бохинец, креативен директор, AV Studio, Словенија
- Каспарс Еглитис, извршен креативен директор, TBWA\Latvia, Латвија
- Кристијан Хелингер, управен партнер и генерален креативен директор, Wien Nord Serviceplan, Австрија
- Бартош Јеглејевски, креативен директор, McCann, Полска
- Нина Модебаѕе, креативен директор, Redberry, Грузија
- Јорг Риоми, основач, генерален извршен директор и генерален креативен директор, AIN’T, Италија
- Хана Стенвол, извршен креативен директор, INGO Stockholm, Шведска
- Ану Терхо, креативен директор, SEK/Part of Grey, Финска
- Доротја Тот, креативен директор, DDB Budapest, Унгарија
- Рона Јакоби, сопственик и потпретседател за креативност, RONA&IDO Advertising agency, Израел
„Добрата креативност не се заснова на тоа колку алатки имате. Туку како ги користите алатките што ви се на располагање. Категоријата за едноканална комуникација на наградите Golden Drum е доказ за моќта на дисциплинираното раскажување приказни и прецизноста. Таа е наменета за создавањето на навистина привлечни и емотивни дела што ја поттикнуваат имагинацијата. Станува збор за способноста да се истакнат најдобрите квалитети на една платформа, осигурувајќи дека секоја сцена, секој збор и секоја интеракција се создадени и обликувани за максимално влијание. Како претседател на жирито, јас сум желен да откријам проекти што го редефинираат потенцијалот на поединечните канали. Возбуден сум поради можноста да откријам проекти кои докажуваат дека кога се работи со брилијантност, еден медиум може да се пробие низ „бучавата“ и да остави траен белег“ – истакнува претседателот на жирито, Калвин Инес.
Повеќе информации за фестивалот Golden Drum, достапните натпреварувачки категории и начинот на пријавување, се достапни на следниот ЛИНК.