Новото издание на меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum ќе се одржи на 13 и 14 октомври 2025 година во Порторож, Словенија. Конкурсот за пријавување на креативни проекти е веќе отворен, а промотивната понуда Super Early Bird трае до 25 април.
Денес, фестивалот Golden Drum ги претстави имињата што ќе го сочинуваат стручното жири за натпреварувачката секција „Omni-Channel“. Оваа секција им оддава признание на кампањите кои биле имплементирани преку повеќе канали за комуникација. Апликациите треба да ја демонстрираат креативната употреба на повеќе канали, нивната интеграција и ефикасноста на имплементацијата на комуникациските решенија.
Овогодишен претседател на омниканалното жири ќе биде Џон Мескал, глобален креативен претседетел на By The Network од САД, кој што има оставено неизбришлив печат врз глобалното огласување. Препознаен како еден од 50-те највлијателни креативни умови според AdWeek и рангиран на 8-то место на листата на најдобри креативни таленти во светот на огласувањето според Business Insider, влијанието на Џон е огромно. Под негово визионерско водство, McCann Worldgroup успеа да биде за „Агенциска мрежа на годината“ од страна на Cannes Lions и Effie Awards – што ја демонстрира неговата способност за лидерство и иновативност. Неговото портфолио може да се пофали со иконични кампањи како „Fearless Girl“, „Dumb Ways to Die“ и „ThisAbles“, кои комбинираат врвни иновации со длабока културна резонанца. Соработувајќи со моќни брендови како што се Coca-Cola, Microsoft и Mastercard, Џон продолжува да ги редефинира глобалните стандарди во огласувањето. Со преку 100 награди на Cannes Lions, Џон сега ја носи својата експертиза за да претседава со омниканалното жири на Golden Drum, дополнително зацврстувајќи го своето влијание во обликувањето на иднината на креативното раскажување приказни.
Заедно со него, стручното жири за омниканална комуникација ќе сочинуваат:
- Фредрик Антонсон, креативен директор, Havas, Шведска
- Џесика Бух, директор за стратегија, Grey, Германија
- Андреа Хорват, креативен директор, Café Communications, Унгарија
- Алека Пападија, извршен креативен директор, McCann Worldgroup, Грција
- Карпат Полат, основач и креативен претседател, KARPAT, Турција
- Анука Путонен, креативен директор и бренд стратег, Think Again, Финска
- Ана-Марија Таралунга, креативен директор, Digitas Romania / Publicis Groupe, Романија
- Кристи Вескус, директор на Work in Estonia, Естонија
- Јенс Петер Вернес, генерален креативен директор, VML Copenhagen, Данска
- Стефано Занони, креативен директор, LePub, Италија
„Колку работите стануваат покомплексни, толку ни е поважно да ги поедноставиме работите уште повеќе. Треба да ги ослободиме нашите умови да погледнеме во проблемот и едноставно да го следиме тој проблем каде и да сака да нѐ одведе. Нема правила. Нема однапред смислени идеи за тоа што функционира, а што не. Секој бриф е можност да се направи нов пат. А, бидејќи ни се достапни толку многу алатки, пристапи и избор на медиуми, ние навистина сме слободни да правиме што, по ѓаволите, мислиме дека е правилно. Под услов, се разбира, да биде во функција на решавање на проблемот. Затоа сум толку возбуден што ќе бидам претседател на жирито за омниканална комуникација оваа година. Знам дека заедно со моите колеги членови на жирито, ќе се соочиме со решенија на проблеми со идеи и пристапи какви што не сме претпоставиле. А, можеби и никогаш не се видени претходно. Бидејќи ја имав таа среќа и претходно да жирирам на Golden Drum, знам дека ќе видиме идеи кои се неверојатно различни од нормата. Идеи кои доаѓаат од уникатни места, уникатни ставови и уникатни култури. Идеи кои се израз на чиста, неинхибирана креативност. Се надевам дека сите ќе ги пријават своите најдобри проекти. Затоа што најдоброто од вас ќе ја направи работата на нашето жири да биде прекрасна и возбудлива“ – посочува Џон Мескал, глобален креативен претседетел на By The Network од САД и претседател на омниканалното жири на Golden Drum.
Повеќе информации за фестивалот Golden Drum, достапните натпреварувачки категории и начинот на пријавување, се достапни на следниот ЛИНК.