Уметничката акција „Седете дома” е наменета да им помогне на граѓаните да истраат во физичката изолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата. За претстава на оваа интервенција ги избравме папучите кои претставуваат синоним за останување дома, како неизбежен дел од „домашната мода” за време на изолација.
Со оваа акција како и со претходната акција („Држете растојание”) сакаме да ги охрабриме граѓаните да издржат во оваа за сите нас многу важна битка, но и да покажеме дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала. Како и претходно и оваа акција ја посветуваме на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре за сите нас.
Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапни и секвенцијално од страна на различни автори.