Агенција за истражување на Зенит минатата година врз основа на тогашните податоци процени дека најмалку до 2019 година, телевизијата како медиум и понатаму ќе биде глобално повеќе популарна од интернетот, односно дека просечниот корисник и понатаму ќе поминува повеќе време во гледање телевизија, отколку во сурфање на интернет.
Сепак, порастот на времето поминато онлајн во последната година се забрза, така што од Зенит сега ги ревидираат своите прогнози.
Според последните проекции, веќе во 2019 година просечниот жител во развиениот свет, повеќе време ќе поминува онлајн отколку со телевизија. Во моментов, односот на овие два медиуми е таков што, во просек, луѓето со ТВ секојдневно поминуваат 172,7 минути и 159,7 минути со интернет. Следната година, доколку продолжи линеарното зголемување на користењето на интернет и континуираниот, но нешто побавен пад на гледањето ТВ, корисниците би требало да поминуваат онлајн 170,6 минути дневно, додека ТВ ќе падне на 170.3 минути.
Зголемување на времето поминато во гледање видео содржини, дружењето на социјалните мрежи или во онлајн шопинг, доаѓа во последниве години главно поради зголемување на присуството и достапноста на мобилниот интернет во целиот свет. Вкупно, луѓето сега, на различни медиуми, се изложени околу 479 минути на ден. Ова вклучува, освен телевизија и интернет, исто така и гледање филмови во кино, слушање на радио, како и читање на весници и списанија во физичка форма. На мобилните телефони се троши околу една четвртина од тоа време, а се очекува дека следната година тоа учеството ќе надмине 25%.