Институтот Креативна Македонија во текот на месец јули го спроведе проектот “Креативноста на дело”, со кој на интерактивен начин беше доближена креативната дејност до пошироката јавност. На четири онлајн работилници се изучуваа традиционалните занаети срма, ќостек , плетење, како и веќе одомаќинетиот занает за изработка на накит и декоративни елементи, фимо.
Првите готови дела од учесниците можат да се погледнат на страната на “Creative Macedonia“.
“Проектот беше одлична можност за учење нови креативни вештини, кои покрај добро хоби, може да бидат и основа за самовработување и можност за одржлив професионален ангажман. Од страна на “PrimePoint Partners” беше спроведена и обука за комуникација, лидерство и претприемништво што е дополнителна можност за професионален напредок и себе унапредување“, соопштуваат од Институтот Креативна Македонија.
Во рамките на проектот “Креативноста на дело” од 6 – 20 август ќе се одржи и иновативен онлајн базар на рачни творби и сите посетители ќе можат да ги погледнат делата на искусни мајстори.
“Ве покануваме да го посетите нашиот он-лајн базар , на кој ќе може да си одберете и купите она што ви се допаѓа , за вас и вашите најблиски, од безбедноста на вашиот дом“, велат од Креативна Македонија.
Онлајн базарот може да го посетите на следниот линк : https://esnaf.eu/mk/bazar/
Промотивната кампања за проектот „Креативноста на дело“ беше поддржана од Град Скопје.