Преку предавањето „Nothing Is More Commercially Effective Than Being Culturally Ridiculous“, ова „лошо момче“ на огласувањето и врвен стратег ќе ја открие тајната на модерниот маркетинг и поврзувањето со публиката!
Своевремено како гитарист настапувал со некои од најпопуларните светски музичари, а денес ја издигнува бренд-стратегијата до врвна умешност! Рок-ѕвездата на новозеландската агенција Colenso BBDO (и нивен главен стратег), Роб Кембел, кој својата страст кон музиката и комуникациите ја обедини токму во соработката со легендарните Metallica, доаѓа на фестивалот „Денови на комуникациите 2023“. Неговото предавање ќе се одржи во петок, 21 април, на главната фестивалска сцена во хотелот Lone во Ровињ!
Постојат безброј начини како да се опише предавањето на Роб за „Денови на комуникациите“. Некои би рекле дека тоа претставува потрага по причините зошто толку многу брендови не можат да се поврзат со својата публика и покрај тоа што сега имаат повеќе податоци, истражувања и пари за маркетинг од кога било претходно. Но, во исто време, би било неопходно да се свртиме и кон она поконтроверзното прашање: Што ако алатките и процесите на современиот маркетинг не се добри?
Иако во своето предавање насловено “Nothing Is More Commercially Effective Than Being Culturally Ridiculous” ќе ги допре и двете прашања, Кембел е без влакна на јазикот и секогаш бескомпромисен со околината, па така вистинскиот наратив на неговото предавање гласи: „Ако сакате да бидете културно и креативно моќни, престанете да бидете толку проклето досадни!“
Овој уникатен говорник во Ровињ ќе го претстави своето гледиште за бренд стратегијата од перспектива на неговата триесетгодишна кариера, во текот на која работел на глобални позиции во некои од најлегендарните светски агенции како што се Wieden+Kennedy, R/GA и Colenso. Своето искуство го има пренесено практично на сите континенти – Америка, Европа, Азија и Австралија, притоа освојувајќи бројни меѓународни награди. Поимот за успех е крајно субјективен, па интригантниот огласувачки „бељаџија“ кој има освоено неколку фестивалски сцени, од Cannes Lions до Music Matters, сигурно ќе го допре и она за што тој вели дека бил врвот на неговата кариера – кога членовите на Metallica го нарекле „дебил“.
Повеќе информации за програмата и начинот на учество на фестивалот „Денови на комуникациите 2023“ се достапни на официјалната веб-страница на следниот линк.