По Женски магазин и Хаштаг, групацијата ФАКТОР од денеска е побогата со уште еден член во семејството – maskimagazin.mk Powered by Faktor.mk.
Вистинскиот современ маж секогаш ќе најде соодветен избор за да го нахрани сопствениот ум. Информацијата денес е достапна многу лесно, но најважен е изворот. Веб порталот МАШКИ МАГАЗИН се нуди како можност за запознавање со новите начини на машкото визионерство, ги издвојува најдобрите во изобилството од ликови кои можат да направат денот, ќе едуцира со поуки, совети, модни стилови и искуства.
Самодовербата е силата на мажот, а магазинот ќе се обиде на мажите да им пренесе токму таква силна енергија. Жените сакаат паметни мажи со самодоверба, а МАШКИ МАГАЗИН ќе биде тука да поттикнува и да инспирира.
Како вовед во работењето на Машки магазин, на почетокот публиката ќе има можност да го прочита ексклузивното интервју со уметникот Михаил Корубин, сопругот на поп-ѕвездата Каролина Гочева.