Како да ја одржите автентичноста ќе ви открие Тошихико Танабе, еден од врвните креативци на денешницата, како дел од предавањето “Don’t Let ‘Purpose’ Ruin Our Industry”!
Неговото импресивно портфолио на креативни кампањи низ светот вклучува проекти за брендови како Toyota, Red Bull, Lexus и PlayStation, па дури и Мадона, а јапонскиот креативен колектив го круниса со моќната титула „Креативна личност на годината“ – тој е Тошихико Танабе, кој од 20. до 23 април 2023 година ќе се придружи на нашата заедница во комуникациската индустрија на „Денови на комуникациите“ во хотелот Lone во Ровињ!
Роден во Токио и израснат во седум различни земји ширум светот, Танабе е познат по извонредните креативни проекти. Како креативен директор на Dentsu, една од најголемите мрежи на креативни агенции во светот, тој покажа како да се зајакнат брендовите со спектар на методи за креативност, а во исто време успешно да се постигне зацртаната цел која гласи: „Со својата работа надминете го обичното огласување“. Денес, тој ја продолжува таа мисија во сопствената компанија tsuzuku, која брзо стана најнаградуваниот тим на креативни директори во Токио!
Во денешниот свет, кога придонесот за подобро општество е приоритет на листата на брендови кои сакаат да успеат, целта е примарен начин за поврзување со публиката. Сепак, Танабе тврди дека:„Потрошувачите многу лесно гледаат низ лажните намери. Површните кампањи во најдобар случај се игнорираат, а во најлош случај тие активно му наштетуваат на брендот.“ Затоа, во своето предавање насловено „Не дозволувајте „целта“ да ја уништи нашата индустрија“, тој ќе ги просветли сите присутни во Ровињ како да ја задржат автентичноста и во исто време да играат активна улога во создавањето на подобар свет – без компромиси кога станува збор за креативноста на комуникаторот.
Неговиот успех во голема мера се должи и на холистичкиот пристап кон креативната работа: од ПР до социјалните мрежи и инфлуенсер маркетинг до филм – можностите се бескрајни. Без разлика дали се работи за смислување бизнис модели за претстојните потфати, создавање музички фестивал за Red Bull или дизајнирање слушалки за Bose, кои се распродадоа за само неколку дена, овој врвен креативен ум со секој нов проект покажува дека со него секогаш треба да го очекувате неочекуваното.
Познати по поставувањето неконвенционални прашања и потрагата по необични одговори, „Денови на комуникациите“ – фестивалот на пазарно комуникацирање и креативност кој собира неколку илјади учесници, секоја година обезбедува уникатни искуства и ја обединува најинтересната заедница на пазарните комуникации. По Едвард Сноуден, кој ќе им се придружи на учесниците на фестивалот преку видео врска; потоа евангелистот, визионер и рок-ѕвезда на технолошкиот свет Џејмс Витакер; па Муниса Кан – стратешки експерт која им помага на брендовите да го трасираат патот до сигурен успех; и Тошихико Танабе, ќе следуваат најави за многу други интересни учесници.
Сите креативци, маркетери, дигиталци, медиуми и други комуникатори кои сакаат да бидат во друштво на регионалните и светските лидери на пазарот, можат да најдат повеќе информации за учество на www.danikomunikacija.com.