Не може да се негира дека агенцискиот бизнис, во сегашната форма, е неодржлив. Зголемувањето на опсегот на задачите, стагнацијата на платите, одливот на таленти и преголемиот фокус на метриките во креативноста ја „задушуваат“ индустријата.
Фокусирањето на краткорочни реформи нема да ја спаси ситуацијата. Намалувањето на трошоците и кратењето на „вишокот“ се само утешни мерки наместо успешен лек. Вистинското решение е очигледно, но контраинтуитивно. Тоа лежи кај луѓето кои работат во агенциите и подготвеноста на индустријата да ги прифати своите партнери.
За да го откриете ова решение, поткрепено со придружни податоци и истражувања, ќе треба да го проследите предавањето на Ајдис Даликас на овогодишното издание на меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum.
Ајдис Даликас е раководител на одделот за креативни перформанси во Aleph Group и ко-основач на The C School, со над 15 години искуство во маркетингот и огласувањето. Тој е ко-основач на агенција која подоцна беше купена од HAVAS, каде што одигра клучна улога во трансформирањето на операциите на компанијата во балтичкиот регион. Во моментов, Ајдис го води одделот за креативни перформанси во Aleph Group, како глобален лидер за дигитално огласување што работи во над 140 земји. Тој е исто така основач на Школата за креативно лидерство The C School, наменета за професионалци во индустријата.
Во неговата сесија на Golden Drum, поддржана од The C School, Ајдис ќе понуди практични совети за агенциите како да излезат од кризата и да преземат водечка улога во своето поле на делување.
Меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum ќе се одржи на 9 и 10 октомври во Порторож, Словенија. Повеќе информации за настанот и начинот на учество можат да се најдат на следниот ЛИНК.