„Секоја идеја звучи лудо на почеток“ е мотото на новата кампања од креативната агенција McCann Скопје за промоција на иновативниот „Стартап кредит“ кој неодамна започна да го нуди Халкбанк АД Скопје.
Како што укажува името, се работи за кредитен финансиски производ насочен кон новоосновани мали бизниси и претприемачи кои своите неконвенционални идеи сакаат да ги претворат во реалност и на тој начин следствено да ја револуционеризираат индустријата и да ја обликуваат иднината.
Според она што ни го откриваат од агенцијата McCann Скопје, самата кампања прераснала како резултат на една „луда идеја“: преку креативни ликовни и видео содржини да се претстават навидум апсурдни, но навистина практични идеи и решенија за секојдневни ситуации и проблеми. Зарем светилката и интернетот едновремено не биле „луди идеи“ сами по себе?
Па, така, од креативниот тим на McCann произлегоа: „Шазам за лубеници“, „Досетливиот кафемат“, „Бесшумниот чипс“ и „Специјалната закачалка за пешкири“ – кратки видеоспотови кои користат хумор за да ја испратат пораката дека и најчудните бизнис-идеи заслужуваат внимание и имаат потенцијал да прераснат во успешни потфати. Секако, покрај непоколебливата истрајност и увереност на идејникот, за нивно остварување е потребна и поддршка, па токму тука стапува на сцена новиот „Стартап кредит“ на Халкбанк.
Спотовите се изработени на квалитетен и модерен начин, а избраните ликови зрачат со младешки оптимизам и ведрина – како што и би очекувале од визионерски претприемачи. Таквите емоции се дополнително зајакнати преку присутните емотикони и жолтата боја која го опфаќа и акцентира текстуалниот дел на креативните решенија.
Во продолжение погледнете ги досега објавените реклами: