Американскиот производител на автомобили General Motors одбележува 100 години присуство во Африка и на Блискиот Исток со кампањата „Zero to 100 and Beyond“ („Од нула до 100 и понатаму“), создадена во соработка со агенциите McCann MENA и Weber Shandwick MENAT.
Преку новата кампања, компанијата се навраќа на својата историја во регионот и на луѓето кои со текот на годините станале дел од нејзината приказна. Таа ги обединува брендовите Chevrolet, GMC и Cadillac, а главната порака е дека развојот на компанијата е тесно поврзан со промените во животот на локалните заедници.
Главниот филм започнува во Египет во 1926 година, кога GM ги започнува своите први активности во регионот. Приказната следи патување по пустински пат, кој се менува низ различни временски периоди. Со тоа се прикажани развојот на автомобилите и патиштата, но и промените во секојдневниот живот. Филмот потсетува и на некои важни моменти во регионот, како можноста жените да управуваат со автомобили во Саудиска Арабија и развојот на вселенската програма на Обединетите Арапски Емирати.
Во филмот се појавуваат луѓе од Египет, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Кувајт и земјите од Левантот. Преку нивните приказни се прикажува како автомобилите на компанијата станале дел од секојдневието на многу семејства. Исто така се вклучени и регионалните партнери и застапништва кои придонеле за развојот на GM во изминатите 100 години. Според Фарух Џаваид, директор за маркетинг на GM за Африка и Блискиот Исток, коампанијата сака и во иднина да продолжи да се развива заедно со луѓето и заедниците во регионот.
Во кампањата е претставен и следниот чекор на компанијата – технологијата Super Cruise, која овозможува возачот да ги тргне рацете од воланот во одредени услови и која наскоро треба да пристигне на пазарите на Блискиот Исток.














