На патот од креирањето на почетната комуникациска и бренд стратегија за „Палатата на науката“, до реализацијата на видеспотот кој ја повикува јавноста да зачекори во светот на безграничното со посета на Палатата, агенцијата Two Rivers гордо ја поддржа Фондацијата „Миодраг Костиќ“ во овој уникатен потфат кој во Србија го донесе првиот центар за истражување и популаризација на науката.
Видеото, создадено во соработка со продукцијата Blekbuk, претставува сè што „Палатата на науката“ има да понуди – од интерактивни и интересни експонати за сите возрасти до модерни научни центри кои ќе ѝ овозможат на новата генерација научници да го продолжат своето образование, истражување и проширување на границите.
„Палатата на науката“ ги отвори вратите за јавноста на 24 декември 2024 година во Белград. Со повеќе од 30 различни експонати од светот на науката и 19 истражувачки центри, тоа е вистинското место за научниците и љубопитните од сите возрасти, за оние кои сакаат да поставуваат прашања, да учат, да запознаат иновации и да ја обликуваат иднината.