Поради пандемијата на коронавирусот, многу луѓе во светот немаа можност да ги реализираат своите планирани патувања и да ги почувствуваат различните вкусови кои светот ги нуди.
Но, за сите Индонезијци кои мораа да ги откажат своите патувања и по смирувањето на пандемиската состојба, брендот за брза храна McDonald’s создаде специјално мени насловено „Вкусете го светот“ – составено од бургери кои содржат состојки и зачини специфични за различни региони на Земјата.
Со цел промоција на новото мени, брендот лансираше и рекламна кампања која го носи насловот „Ода кон пропуштените патувања“. Централниот спот на кампањата прикажува луѓе кои поради работа, повреда или лошо време морале да ги откажат своите патувања, охрабрувајќи ги дека со новото мени на McDonald’s, тие сепак ќе можат да ги вкусат различните вкусови на светот.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Leo Burnett Indonesia (дел од мрежата на Publicis Groupe) и продукциското студио Think Tank.