Американската технолошка компанија Uber, позната по своите сервиси за превоз, транспорт и достава, лансираше нова кампања во која ја слави енергијата на луѓето во пост-пандемискиот свет.
Централниот спот во кампањата насловена “Go Get It” („Оди земи го“/„Зграпчи го“), прикажува луѓе кои со помош на услугите на Uber се враќаат кон своите навики, вклучувајќи го ноќното дружење, заедничкото јадење и спортување. „Одете било каде. Добијте било што“ – е главниот слоган на кампањата.
Доста значаен акцент во рекламата е ставен и на скејтбордингот како спорт, кој за прв пат од оваа година станува олимписка дисциплина, па во видеото дури се појавува и скејтбординг легендата Тони Хок.
Покрај главниот едноминутен спот, кампањата вклучува и повеќе пократки реклами од 15 и 30 секунди кои се фокусираат на поединечни ситуации во кои, секако, свое учество имаат и услугите на Uber.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Anomaly.