Хрватската осигурителна компанија Croatia Osiguranje се здружи со креативната агенција Bruketa&Žinić&Grey за да ја лансира својата нова кампања со цел промоција на нивната понуда за животно осигурување и како тоа може да им помогне на клиентите во избегнување на финансиски драми.
Животното осигурување, како форма на финансиска заштита на семејството во случај на смрт, тешка болест или траен инвалидитет на осигуреното лице, често се смета за непотребно. Токму поради ова, задачата беше да се покаже какви финансиски драми можат да настанат во случај да ни се случи нешто, а да немаме осигурување.
Па така, потенцијалните финансиски драми беа илустирани со помош на некои од најпознатите драмски ликови во историјата – Одисеј, Хамлет и Ромео и Јулија.
Преку надворешен огласувачки простор и радио брановите, драмските ликови ги откриваат своите тешкотии и предупредуваат што може да им се случи на оние кои (сепак) не се решиле да склучат животно осигурување.
Чујте ги и радио рекламите: