Со цел да го поттикне купувањето со платежни картички преку интернет, Стопанска банка Скопје, во соработка со маркетинг агенцијата Публицис Македонија, минатиот месец започна кампања со мошне интересен носечки слоган: „Купувај во пижами“.
Главен лик на кампањата е познатиот водител на ТВ емисијата „Еден на Еден„– Жарко Димитровски кој од дома, облечен во пижами, купува онлајн. Кампањата ги користи пред се дигиталните медиумски канали и ПР алатките, како и teaser-от во кој Жаре (Еден на Еден) се појавува во пижами во супермаркет*. Со кампањата се промовира e-commerce наградната игра #КупувајОпуштено #KupuvajOpusteno наменета за клиентите со платежни картички од Банката, а истовремено има и едукативна цел за сигурни и безбедни онлајн плаќања.
Оваа кампања е одличен пример на поврзување на асоцијации во комуникациската платформа. Имаме главен лик кој има веќе изграден имиџ на забавна и интересна личност со многу свои следбеници од сите генерации, и кој во комбинација со креативните реклами, слогани и останати креативи од кампањата, го пренесува својот младешки, иновативен дух кон производот, давајќи му дополнителна димензија која online купувањето го прави лесно, едноставно и сигурно.
Не само што е лидер во банкарскиот сектор и банка која е ориентирана кон воведување иновативни производи, со оваа кампања Стопанска банка ја потврдува и својата определба на современа финансиска институција, која применува уникатна комуникациска стратегија со цел да ги поддржи своите активности.
„Веќе една година картичките на Стопанска банка се единствени во нашата земја кои го поседуваат сертификатот за безбедно купување на интернет VCAS 3D Secure обезбедувањето и среќни сме што плаќањето со картичка на интернет стана дел од секојдневието на нашите клиенти. За една година бележиме 100% пораст во употребата на картичките на интернет, како за плаќање на сметки за струја, вода, телефон, така и за онлајн шопинг кој се повеќе добива на популарност со бројните интернет попусти на домашните и странски интернет сајтови. Задоволни сме што имаме можност преку наградната игра, која ќе трае до крајот на годината, дополнително да го стимулираме купувањето на интернет со платежните картички на Стопанска банка“ – изјави Стефан Пепоски, Директор на Дирекција за управување со картични производи на Стопанска банка.
Наградната игра започна на 1 јуни, а ќе трае до 31 декември 2015 година со извлекување секој месец по 5 добитници при што месечната главна награда изнесува 60.000 денари а ќе се доделуваат и по четири споредни од 10.000 денари. Дополнително, Банката преку ФБ фан страната https://www.facebook.com/NaVasaStrana ќе обезбеди и утешни неделни награди. Право на учество имаат сите корисници на Visa и MasterCard платежните картички на Стопанска банка, кои имаат над 18 години и кои ќе направат минимум една online (e-commerce) трансакција преку која било интернет продавница, и со секоја трансакција ја зголемуваат можноста да станат еден од добитниците на наградите.
*Тизерот со Жаре во пижами во супермаркет :)