Винарската визба “Тиквеш“ во стилот на најголемите светски винарии, деновиве започна одлична маркетинг акција за директна комуникација и едукација на своите конзументи.
Имено, љубителите на виното на “Тиквеш“ од денеска имаат уникатна можност да се едуцираат за сортите вино и за најдобрите комбинации со храната уште на самите продажни места преку апликација која на потрошувачите им помага полесно да го направат најдобриот избор на вино.
На информативните таблети поставени на винските полици во поголемите маркети, купувачите можат да се информираат за карактеристиките на секое поединечно вино и за тоа кое вино со каква храната се конзумира.
„Обидувајќи се да го направат вистинскиот избор, љубителите на виното често минуваат многу време на винските полици во маркетите. Со оваа апликација не само што им се олеснува изборот, туку добиваат и корисни информации за виното и за идеалниот спој со различните видови храна. Веруваме дека оваа алатка е моќен иструмент за подигнување на винската култура на македонските консументи“, изјави Елена Младеновска Јеленковиќ маркетинг-менаџер на Тиквеш.
Оваа можност засега е достапна во два од маркетите на Веро во Скопје, а во наредниот период ќе биде поставена и на други продажни места. Пo новогодишните празници апликацијата ќе биде достапна и за на мобилни уреди со што корисните и едукативни информации ќе стигнат до уште поширок круг љубители на виното.