Пластичниот отпад има катастрофален ефект врз океанскиот жив свет, но, за жал, голем дел од купувачите кои бараат брзи и лесни решенија не се свесни за ефектот кој може да го имаат со полнењето на нивните потрошувачки кошници.
Имајќи ја во предвид очигледната потрошувачка апатија кон повеќе од 1 милиони животни кои умираат годишно поради пластичниот отпад во океаните, еквадорската компанија за еколошко пакување Dream Pack и агенцијата DDB Paradais сакаа да го привлечат вниманието на луѓето и да ја подигнат нивната свест за овој проблем преку интересна принт кампања која искористува пластични предмети со кои сите сме запознаени од своето детство.
Кампањата, насловена „Запрете го убивањето“ (“Stop The Killing“) прикажува различни ситуации во кои група на пластични „војничиња“ со своето оружје „нишанат“ животински видови чиј опстанок е доведен под прашање поради пластичниот отпад во океаните. Секоја од рекламите го вклучува и текстот „1,5 милиони животни умираат годишно од пластичен отпад.“
„Употребата на пластика е една од најголемите закани за екосистемот. Целиот свет го одбива пакувањето со пена поради загадувачките компоненти и затоа ние имплементираме еколошки решенија базирани врз хартија и технологии кои ги заштитуваат производите и околината,“ истакнува генералниот извршен директор на Dream Pack, Џони Абад, во соопштението на компанијата по повод лансирањето на кампањата.