Брендирањето на производите во прехрамбената индустрија ги надмина своите граници. Додека поголемиот дел од маркетерите се фокусирани на mass advertising, другите наоѓаат поинтересни и поефективни начини во брендирање.
Таков е примерот со мармаладот Bonne Maman.
Овој бренд на мармалад е доста познат во западните земји. Неговото маркетирање / брендирање почнува уште од самото капаче на теглата. Имено теглата на овој бренд е во боите на утринската покривка на масата за појадок. Ова не е случајно туку напротив една добра стратегија.
Имено со овие бои и формата во која се поставени, дирекно се вметнуваат потрошувачите во таканаречената ‘’usage situation’’ која што се гради со advertising и е дел од brand awareness breadth (широчината на свесноста за постоење на бренд).
Со оваа стратегија, маркетерите можат слободно да го заменат рекламирањето на телевизија и тие средства да ги пренаменат за другите потреби на компанијата. Но ова може да го засили и т.н brand recall т.е кога ќе седне потрошувачот на маса да појадува, боите на покривката можат да го потсетат на овој бренд на мармалад.
Етикетата исто го изразува ‘’home-made’’ ефектот и е дел од маркетинг стратегиите на Bonne Maman.
Подолу следува една слика која што го потврдува нашето објаснување погоре :