Le Chocolat des Français во соработка со агенцијата TBWA \ Paris создаде амбалажа за ограничени серија чоколади и комуникациска кампања. Кампањата, која „оддава почит на начинот на живот на кој сите се надеваат дека ќе го најдат многу брзо, во добрите и лоши времиња кои што се шармот на Франција“, ја поттикна агенцијата да се позанимава со парадоксот на позитивните и негативните слики за Франција и хумористично да ги повика љубителите на земјата да го задржат само најдоброто од Франција: Le Chocolat des Français и позитивното клише илустрирано на нивната амбалажа.
Илустрациите се создадени во соработка со уметниците Беатрикс де Гевињи, Клемент Соулмањон, Лорен Боглио, Хуберт Поаро Бурдејн, Леони Деспре, Шарлот Молас и Симон Борнел-Босон. „Секој од нив беше избран заради нивните разновидни, префинети и креативни универзуми, кои совршено се спојуваат со стилот на брендот“, додаваат од агенцијата.
Le Chocolat des Français се посветени на повторно воспоставување и развој на одгледување какао во регионот. Со чоколадо произведено во Ил-де-Франс, овој бренд нуди низа квалитетни 100% природни, органски состојки, 100% чист путер од какао, без палмино масло и без конзерванси.