(РЕГИОН) – Со оглед на актуелната ситуација поврзана со ширењето на пандемијата со Корона-вирусот, членовите на организацискиот одбор на Effie Awards Србија, заедно со претседателот и подпретседателката на жирито, едногласно одлучија да го одложат овогодинешното издание на фестивалот.
IAA Serbia, кои се носители на лиценцата, објавија дека одложувањето на фестивалот за 2021 година, подразбира и зголемување на периодот за кој ќе може да се пријавуваат реализираните кампањи на 2019 и 2020 година.
Организаторите истакнуваат дека одлуката за преместување на настанот за наредната година е донесена во консултација со Effie Worldwide и истата во обзир ја зема и ситуацијата во моментов и таа што се очекува во блиска иднина.
Сите потребни информации за претстојната Effie сезона како и роковите за пријавување ќе може да се следат на официјалниот веб сајт: effie.rs.