Пица-брендот Pizza Hut склучи партнерство со производителот на „месо“ од растително потекло, Beyond Meat, со цел лансирање на три нови видови пица на британскиот пазар.
По тој повод, Pizza Hut лансираше нова апсурдна реклама во која еден лав по име Кларенс се одлучува да не го изеде заштитното лице на брендот, актерот Паркер Џ. Патерсон, туку вниманието да го насочи кон новата пица со „алтернативно месо“.
Пораката е јасна: „месото“ на Beyond Meat е толку добро што е практично невозможно да се разликува од вкусот на вистинското месо, па дури и „царот на животните“, инаку голем љубител на месо, би се согласил со тоа.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Iris Worldwide и продукциската куќа Passion Pictures.