Обука за регионалните стратешки тимови на агенцијата UM
Во рамките на Pitch Academy, претставниците на IPG Mediabrands мрежата, во Белград одржаа обука за регионалните тимови на агенцијата UM. Програмата за едукација ја водеа Howard Nead, Chief Growth Officer во IPG Mediabrands и Stefan Burford, Chief Strategy Officer во IPG Mediabrands, кои во текот на изминативе години значајно допринесоа за развојот на стратешките и мултидимензионалните решенија за клиентите на мрежата.

„Со оглед на постојаните промени во индустријата, континуираното освежување на знаењето и размената на искуствата се неопходни за одржување на стандардот на квалитет на услугите кои им ги овозможува агенцијата UM на своите клиенти. Во таа смисла, Pitch Academy открива нови инсајти за питч процесите, предлага пристап на размислување и комуникација, и ги анализира најдобрите практики во рамките на глобалната мража. Покрај тоа, регионалните тимови дополнително се јакнат, интегрираат и заедно започнуваат интересни проекти“, изјави Билјана Колаковиќ, регионален директор на агенцијата UM.
Питч процесот неретко е пресвртен момент во животот на агенциите и претставува терен на кој преовладуваат дополнителни вештини и знаења. „Повратните информации за презентациските вештини, советите во поглед на различните алатки и техники на комуникација, и сознанието за моделите на планирање, подготовка и реализација на питч процесот, ги збогатуваат агенцските тимови, им даваат ефикасна подршка во работата и овозможуваат посигурно и поопуштено да настапат пред клиентите“, изјави Катарина Костиќ, регионален директор за развој на медиски операции во рамките на UM.
Pitch Academy претставува значаен сегмент за регионалниот план на едукација, а со самото тоа и за стратешкото определување на UM мрежата на своите клиенти да им обезбеди професионални, креативни и ефективни медиски планови, што го потврдува и постојаниот однос на доверба и соработка со своите клиенти.