Под мотото “Unexpect the expected” („Не очекувајте го очекуваното“), Бугарската асоцијација на комуникациски агенции од 8 до 11 септември во Софија го одржа адвертајзинг фестивалот ФАРА 2021.
Големата награда за „Агенција на годината“ беше доделена на Noble Graphics, за која ова е четвртата награда од ваков карактер во историјата на фестивалот.
Титулата „Медиска агенција на годината“ ја освои Ogilvy Group, која исто така по четврти пат во историјата на ФАРА се закитува со оваа награда.
За „Огласувач на годината“ беше прогласена компанијата Деликатес Житница, која во соработка со агенцијата Saatchi&Saatchi Sofia оствари неколку успешни кампањи во изминатите две години.
Еднствената Grand Prix награда беше доделена за кампањата „Booktrips“ од McCann Sofia за Mastercard.
Целосната листа на добитници на златни, сребрени и бронзени награди може да се погледне на следниот линк.