Home » Во фокусот » Официјална промоција на Letz на платформата ProductHunt

Официјална промоција на Letz на платформата ProductHunt

Македонскиот стартап Летз (Letz.do) за кој пишувавме неодамна кога доби инвестиција од 100.000 евра од South Central Ventures, денеска има своја официјална промоција на најпознатата светска платформа за претставување на нови продукти Product Hunt.

За сите оние кои немаат време и најчест изговор им е ,,во гужва сум, ќе те барам,, тука е Letz. На овој продукт се работеше повеќе од пола година, за кулминацијата да се доживее баш денеска.

letz

Letz е апликација која Ви помага во подобрувањето на Вашата продуктивност при извршување на секојдневните обврски. Луси е еден од карактерите на оваа апликација која е базирана на вештачка интелигенција и има неверојатна смисла за хумор. Целта на создавањето на оваа апликација е и покрај подобрување на личната продуктивност на корисникот, создавање и градење на една посебна емоционална врска помеѓу Луси и корисникот.

ProductHunt пак, од друга страна е платформа на која сите светски стартапи целат да си го објават својот продукт и да се пласираат барем меѓу првите пет.

Letz денес е дел од таа борба на ProductHunt а Вашата помош и Вашиот upvote е секако повеќе од добредојден! Поддржете го Letz на овој ЛИНК !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365