Популарниот бренд на вотка Absolut, во сопственост на француската компанија за алкохолни пијалаци Pernod Ricard, ја избра Ogilvy за нова глобална креативна агенција која ќе треба да го негува брендот.
Ogilvy ќе ги предводи глобалните стратегиските и креативни задачи за брендот на водечките светски пазари, со амбиција да ја зацврсти неговата лидерска позиција, се истакнува во соопштението на Absolut.
„Absolut има неверојатно наследство на создавање извонредни и неочекувани комуникации и да биде културен провокатор,“ посочува глобалниот генерален креативен директор на брендот, Тед Грено. „Како што брендот продолжува да забележува силен моментум на глобално ниво, сакавме да работиме со агенциски партнер кој може да ја понуди стратегиската и креативна извонредност каква што Ogilvy ја има демонстрирано во бројни наврати,“ додава Грено.
„Ogilvy е горда што беше избрана од страна на Absolut, еден глобален иконичен бренд, за да биде негов партнер во развојот. Ние се восхитуваме на силното наследство на Absolut во употребата на креативноста да поттикнува значајни конекции и да влијае врз културата. Нашиот тим е возбуден што ќе ја користи безграничната креативност на глобалната мрежа на Ogilvy со цел да понуди иновативни дела кои ќе го придобијат вниманието на луѓето ширум светот,“ истакнува Енди Мејн, глобален генерален извршен директор на Ogilvy.
Агенцијата веќе работи за неколку брендови на Pernod Ricard, вклучувајќи ги Olmeca Altos Tequila, Tequila Avión и Del Maguey. Според одредени извори, глобалните медиски расходи на Pernod Ricard се еднакви на 1,5 милијарди долари.