Агенциската мрежа Ogilvy го соопшти назначувањето на Антонис Кочеилас за глобален генерален директор за трансформација. Во оваа новосоздадена улога, Антонис ќе биде одговорен за идентификување, развивање и имплементирање на трансформациските стратегии и системи кои им помагаат на клиентите да се прилагодат на постојано променливата пазарна динамика на денешнцата и во иднината.
Покрај тоа, тој ќе работи на создавање и зголемување на нови понуди, алатки и процеси кои го одржуваат Ogilvy на врвот на креативната индустрија, во партнерство со: Лиз Тејлор (глобален генерален креативен директор), Мик Мекејб (глобален генерален директор за стратегија), Софи Хофстетер (глобален генерален директор за клиенти) и Филип Хејман (глобален генерален директор за раст и маркетинг), меѓу останатите.
Во следниот период, Антонис исто така ќе го води Ogilvy Consulting, одделот за бизнис трансформација и иновации за брендови, која се состои од над 225+ консултанти ширум светот. Тој ќе соработува со регионалното раководство на Ogilvy Consulting, вклучувајќи ги: Ен Хигинс во регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка; Сузан Махтигер во Северна Америка; Крис Бруер и Паоло Меркадо во Азиско-пацифичкиот регион; и Ранџив Рамголам во Латинска Америка.
Антонис Кочеилас е стратег со повеќе од 20 години искуство и богато портфолио на креативни проекти за водечки брендови низ светот, за што сведочат бројните награди на фестивали како Effie и Cannes Lions. Својата кариера во Ogilvy ја започнал во грчката канцеларија во Атина, а во неговата најскорешна улога бил глобален извршен директор на Ogilvy Advertising каде што ја предводел модернизацијата на способностите за огласување, брендирање и создавање содржина на агенцијата.