Британската филијала на адвертајзинг агенцијата Ogilvy најави дека повеќе нама да соработува со инфлуенсери кои со помош на разни програми ги „изменуваат“ и „ретушираат“ своите тела и лица во фотографиите кои што ги објавуваат на социјалните мрежи.
Директорот за инфлуенсери во агенцијата, Рахул Титус, за магазинот The Drum изјави дека „Инфлуенсерскиот маркетинг треба да биде автентичната страна на маркетингот, но сега тој произведува таква исценирана содржина што е толку штетна за секој што гледа на социјалните медиуми“.
Одлуката на Ogilvy доаѓа во време кога Владата на Обединетото Кралство го разгледува донесувањето на закон кој ќе ги обврзува инфленсерите јавно да ги означуваат своите содржини кои што се на наков било начин изменети или ретуширани.
Како и властите, така и агенцијата се повикува на истражувања кои покажуваат дека ретушираните фотографии се штетни за менталното здравје на корисниците на социјалните мрежи, наметнувајќи им нереални очекувања за телесната убавина.
Ogilvy ќе ја имплементира одлуката во две фази. Почнувајќи од следниот месец, агенцијата ќе оствари консултации со брендовите и ифлуенсерите во врска со одлуката. Потоа, од мај до декември, агенцијата планира целосно да ја имплементира својата забрана за инфлуенсерски содржини кои се ретуширани.