Компанијата Mozzart која e најголемиот приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена на територијата на Република Србија, Романија, Република Српска, Хрватска, Македонија, а од скоро време и во Африка, со повеќе од 1000 Уплатни места и околу 4300 вработени објавува оглас за вработување на Senior Marketing Manager.
Краен рок за поднесување пријави е 07.04.2019 година.
Огласот е објавен на Vrabotuvanje.com.mk и може да се види на следниов ЛИНК.
Основни задолженија:
- Учество во изработка, спроведување и евалуација на маркетинг план
- Учество во изработката на маркетинг буџет
- Соработка со секторите за маркетинг на други пазари со цел спроведување на глобалните акции и маркетинг планот на локално ниво
- Соработка со други служби во рамките на маркетинг секторот со цел спроведување на маркетинг планот
- Предлагање, спроведување, координирање и евалуација на каналот за комуникација и давање предлози за оптимизација
- Предлагање, спроведување, координирање и евалуација на BTL, ATL, CSR, PR активности и директен маркетинг
- Учество во изработка и анализа на медиа планот и закуп на медиуми
- Учество во изработка, следење и евалуација на дигиталниот план, автоматизација на маркетинг активностите и оптимизација во соработката со други служби
- Учество во изработка, следење и евалуација на CRM активностите
- Координација и соработка со маркетинг и медиа агенции
- Следење и уредување на социјалните мрежи на компанијата и работење на нивно подобрување
- Координација и соработка со агенциите за истражување на пазарот
- Учество во изработката и спроведување на маркетинг pitch-от
- Изработка и спроведување на интерни процедури
- Анализа на пазарните трендови, следење и давање на предлози за примена на нови технологии